најава на активности

ОБУКИ „СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ И СИТУАЦИСКИ АНАЛИЗИ” И „МЕТОДИ НА АКЦИСКО ПЛАНИРАЊЕ” ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА


Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија на 27 и 28 јуни 2016 година (понеделник и вторник), во хотел Eсперанто во Струмицa, ќе се одржат две еднодневни обуки на тема „Стратешко планирање и ситуациски анализи” и „Методи на акциско планирање”, наменети за граѓанските организации и претставници од Општина Струмица.


Прочитај повеќе
п а р т н е р и
настани и новости
Граѓанско учество за локална демократија

ОДРЖАН НАСТАН ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА”


[Jun 14 2016 ] На 10 јуни 2016 година, во 11 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, се одржa настан за објавување на целите и активностите на проектот „Граѓанско учество за локална демократија”. Станува збор за проект во рамките на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2014 финансиран од Европската унија.

Граѓанско учество за локална демократија

ОДРЖАНИ ОБУКИ „АЛАТКИ ЗА ПАРТИЦИПАТИВНО ПЛАНИРАЊЕ” ВО ОПШТИНИТЕ СТРУМИЦА, СТРУГА И ЦЕНТАР


[Jun 2 2016 ] Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија се одржaa еднодневни обуки на тема „Алатки за партиципативно планирање” во трите партнерски општини, и тоа во Струмица на 17 мај 2016 година во хотел Есперанто, во Струга на 19 мај 2016 година во хотел Дрим и во Центар на 30 мај 2016 година во ГЕМ клубот.

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

ОДРЖАНА ЈАВНА ДИСКУСИЈА „МЕДИУМИТЕ И БЕГАЛСКАТА КРИЗА: КОЈ И ЗОШТО ГИ ЗАБОРАВА ЗАБОРАВЕНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?“


[May 30 2016 ] На 27 мај 2016 година (петок), во ГЕМ клубот во Скопје, во 11 часот, се одржа јавната дискусија „Медиумите и бегалската криза: Кој и зошто ги заборава заборавените во Република Македонија?“, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Пристап до правда во Македонија

ПИСМО СО ПРЕПОРАКИ ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ


[May 27 2016 ] Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) заедно со партнерските здруженија од проектот „Пристап до правда во Македонија“, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Младински културен центар – Битола, Избор – Струмица, Национален ромски центар – Куманово и Едукаивно-хуманитарна организација – ЕХО – Штип, во изминатиов период подготвија писмо со препораки за новиот Закон за бесплатна правна помош.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

НЕМА РАЗГОВОР СО ОНИЕ КОИ БАРААТ УКИНУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И КУРШУМИ ЗА ГРАЃАНИТЕ!

Соопштение за јавност


[May 25 2016 ] Соопштение на граѓанските организации и движења во врска со причините за одбивањето на поканата за учество на консултации со амбасадорите на земјите членки на Европската унија на која беа поканети и претставници на движењето ГДОМ кои отворено заговараат укинување на невладини организации, шират нетрпеливост и омраза и поттикнуваат насилство, која требаше да се случи на 25 мај, но беше откажана по притисокот од граѓанските организации и движења кои не се согласија да седнат на иста маса со структура како ГДОМ.

Пристап до правда во Македонија

ЗАКОНОТ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ДА СЕ УСОГЛАСИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА НОТАРИЈАТ

Соопштение на проектот Пристап до правда во Македонија


[May 12 2016 ] Потребна е итна промена на Законот за бесплатна правна помош со цел негово усогласување со Законот за нотаријат за да се избегне изигрување на ранливите категории граѓани на кои им е потребен адвокат.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

ПИСМО ДО МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ПОДДРЖАНО ОД 84 ОРГАНИЗАЦИИ


[Apr 14 2016 ] На денешната прес-конференција одржана пред Делегацијата на Европската унија во Скопје, претставници на 84 граѓански организации, платформи и иницијативи упатија заедничко писмо до Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, Потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и другите меѓународни фактори активни во решавањето на политичката криза во Република Македонија.

пронајди
banner
п у б л и к а ц и и