најава на активности

[Dec 7 2016 ] СЕСИЈА ЗА ПРАВНО ОПИСМЕНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ВО КУМАНОВО


На 9 декември 2016 година (петок), во Националниот Ромски Центар во Куманово, со почеток во 14 часот, ќе се одржи сесија за правно описменување за граѓаните од Куманово во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија.


Прочитај повеќе
п а р т н е р и
настани и новости
Ние одлучуваме

ГРАЃАНИТЕ НЕМААТ ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ОБЕЗБЕДАТ УСЛОВИ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

Од прес-конференцијата за презентација на евидентираните изборни нерегуларности


[Dec 6 2016 ] На 6 декември 2016 година (вторник), со почеток во 12 часот, во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа прес-конференција на која правниот тим што работи на бесплатната СОС линија 0800 88 888 за пријава на изборни нерегуларности во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“, ја информираше јавноста во врска со евидентираните случаи поврзани со изборните нерегуларности и притисоците. На прес-конференцијата се обратија правниците Маја Величкова и Кастриот Мемети од СОС тимот за пружање правна помош во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“.

Општо

ИЗБОРИ 2016: А КАДЕ Е ОВДЕ ПОПИСОТ?!

Пописот во изборните програми


[Dec 6 2016 ] Итен приоритет за новата влада формирана после изборите, меѓу другото, мора да биде подготовката и спроведувањето сеопфатен попис на населението, според сите меѓународни стандарди и со засилено меѓународно набљудување.

Општо

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Реакција на 73 граѓански организации на нападот врз канцеларијата на здружението ГЛАСНО и К.У.Ц. ТЕКСТИЛ во Штип на 26.11.2016


[Dec 3 2016 ] Здруженијата на граѓани, поддржувачи на оваа реакција, најостро го осудуваат минатонеделниот напад на канцеларијата на здружението ГЛАСНО во Штип, преку кој беа уништени прозорците и таблата со логото на КУЦ (културно уметнички центар) ТЕКСТИЛ. Сметаме дека овој напад е директен удар врз борбата за човекови права и слободата на здружување и изразување на граѓаните.

Општо

ИЗБОРИ 2016: МОНИТОРИНГ НА Мониторинг на Дневник 2 на МРТ1

МРТ во функција на граѓаните - Четврти извештај за периодот 21-24 ноември 2016 година


[Dec 1 2016 ] Во периодот 21 – 24 ноември, Дневникот 2 на МРТ1 главно беше посветен на кампањата за предвремените парламентарни избори која започна на 21 ноември, а потоа следуваа и другите општествено-политички теми од земјава.

Општо

ОДРАБОТУВАЊЕТО НА ‘ДЕНОТ НА ДРВОТО’ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ НА 10 ДЕКЕМВРИ

Соопштение за јавност


[Nov 30 2016 ] Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ ја информира јавноста дека се добиени информации од вработени во државната администрација за одработувањето на денешниот ‘Ден на дрвото’, што најверoјатно ќе се случи во сабота, на 10 декември 2016 година, еден ден пред закажаните парламентарни избори.

Пристап до правда во Македонија

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ СО НИВНИТЕ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Соопштение на проектот Пристап до правда во Македонија


[Nov 30 2016 ] Во рамките на проектот Пристап до правда во Македонија, во изминатите два месеца во Штип, Струмица и Битола беа спроведени три сесии за правно описменување на граѓаните на тема работни односи.

Пристап до правда во Македонија

РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Прирачник за работничките права и начините за нивна заштита


[Nov 29 2016 ] Водејќи се од правните потреби на граѓаните и правните проблеми за кои најчесто побарале бесплатна правна помош, во рамките на проектот Пристап до правда во Македонија, беше подготвен прирачник за работничките права.

пронајди
banner
п у б л и к а ц и и