најава на активности

[Nov 9 2017 ] ОБУКА „ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОДДРШКА ОД ЗАЕДНИЦАТА“


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во рамки на концептот Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата, од 20 до 21 декември 2017 година, во хотел Романтик во Велес, ќе одржи обука на тема „Обезбедување поддршка од заедницата“.


Прочитај повеќе
9-fakti-za-makedonija
9-fakti-za-fondaciite
п а р т н е р и
настани и новости
Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

РАБОТИЛНИЦА „МЕДИУМИТЕ КАКО ЈАВНО ДОБРО“


[Dec 18 2017 ] Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со Балканската репортерска истражувачка мрежа Македонија на 12 и 13 декември 2017 година во хотел „Романтик“ Велес, организираше работилница на тема „Медиумите како јавно добро“.

Заедничка рамка за правно зајакнување

ОБУКА ЗА ИНОВАТИВНО ФИНАНСИРАЊЕ


[Dec 18 2017 ] Фондацијата Отворено општество - Македонија во периодот од 11-15.12.2017 одржа обука за иновативно финансирање наменета за 19-те партнерски граѓански организации со цел зајакнување на нивните вештини и способности за воведување и примена на иновативни модели на финансирање.

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

УСАИД ГО ПОТТИКНУВА РАЗВОЈОТ НА ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП ЗА ЗАШТИТА НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ


[Dec 16 2017 ] На 14-ти декември 2017 година, УСАИД преку својот Проект за граѓанско учество ја организираше својата втора панел дискусија за политики за заштита на квалитетот на воздухот во хотел Континентал, Скопје.

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

КРИК – ФЕСТИВАЛ ЗА КРИТИЧКА КУЛТУРА


[Dec 15 2017 ] На 14 декември 2017 година, со почеток во 19:00 часот во просториите на Музејот за современа уметност, Скопје се отвори второто издание на КРИК – фестивал за критичка култура, кое годинава ќе се одвива под закрила на темата Постојано во транзиција - заробеност во скршените огледала.

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

ПРОМОЦИЈА НА ПРАВНАТА АНАЛИЗА: „СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ОДЛУКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ПЕРИОДOT 2013-2016“

Од едицијата „Реформите наспроти правата“


[Dec 15 2017 ] Во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 14 декември 2017 година, во хотелот Александар палас во Скопје, се одржа промоција на правната анализа „Спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во периодот 2013-2016”.

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

#НАЧАС ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „СТУДЕНСКА МОБИЛНОСТ – ЕРАЗМУС ПЛУС ИЛИ МИНУС“


[Dec 14 2017 ] На темата „Студенска мобилност – Еразмус плус или минус“ ќе говорат Маријана Секуловска, раководителка на Центарот за кариера на Економскиот факултет во Скопје; Александар Богојевски, раководител на одделение за мобилност во областа на високото образование, образование на возрасни и млади во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност; Наташа Ставревска, студентка на ФЕИТ и Калиа Димитрова, поранешна Еразмус стипендистка.

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО УПРАВУВАЊЕ СО ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ

Промоција на студијата и панел дискусија


[Dec 12 2017 ] На 11 декември во Холидеј Ин во Скопје, во присуство на Министерот за финансии, Драган ТЕВДОВСКИ, Шефот за соработка на делегација на ЕУ, Никола БЕРТОЛИНИ и Извршнa Директорка на Фондација Отворено Општество – Македонија, Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА, беше презентирана студијата „Предизвиците во управување со инструментот за претпристапна помош“.

пронајди
Alarm-38-42
п у б л и к а ц и и