поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ЗА ПОДДРШКА НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ


ФОНДАЦИЈАТА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО - МАКЕДОНИЈА
КОНЦЕПТОТ ЗА ИНКЛУЗИВНИ И ТРАНСПАРЕНТНИ ОБРАЗОВНИ ПОЛИТИКИ ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ЗА ПОДДРШКА НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Концептот за инклузивни и транспарентни образовни политики
има за цел да ги зајакне улогата и влијанието на граѓанското општество како сериозен чинител во креирањето и спроведувањето на квалитетни, инклузивни и отчетни образовни политики и практики.

ЦЕЛ НА ПОВИКОТ:

Целта на повикот е да им се даде можност на граѓанските организации кои работат на полето на образованието да развијат и спроведат мали инцијативи и проекти во партнерство со/во училиштата од нивната локална средина кои:

• ќе го промовираат концептот на инклузивно образование и на инклузивно училиште како стимулативна средина во која се разбираат и вреднуваат различностите, место каде  секој ученик ќе се чувствува добредојден и ќе има можност да ги постигне своите максимум потенцијали за учество, учење и напредување, беа разлика на етничките, јазичните, социјалните, културни и други разлики и/или попречености;

• ќе придонесат за зголемување на директните контакти помеѓу учениците од различни етнички, верски, културни и други заедници, маргинализирани групи, деца со попреченост, деца со потреба од дополнителна помош во учењето итн. и ќе придонесат за нивна поголема видливост;

• ќе поттикнат активно учество и меѓусебна соработка на учениците, наставниците, родителите и локалната заедница во училишниот живот;

• ќе промовираат пракси на квалитетна соработка меѓу училиштата и невладините организации во делот за слободни ученички активности и неформално образование;

Предност ќе имаат предложените проекти кои ќе демонстрираат креативност и иновативност во пристапот и имаат потенцијал за подолгорочна одржливост.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Носител на проектот и подносител на барањето за поддршка на овој повик треба да биде граѓанската организација која конкурира со пополнетa стандардна апликација за организации на ФООМ достапна на линкот даден подолу, како и писмо за интерес од училиште/училишта. Идеално се очекува предлог-проектот да биде изготвен од заеднички тим на граѓанската организација и училиштето. Во писмото, училиштето треба да ги потврди својот интерес и соработка со граѓанската организација и накусо да ја објасни својата улога во спроведувањето на проектот.

Граѓанските организации треба задолжително да достават и копија од документите за регистрација од Централен регистар на РМ. Пријавите треба да се поднесат електронски, во word и pdf формати (со скениран потпис и печат од организацијата), на следнава адреса: suzana.pecakovska@fosm.mk. За дополнителни прашања и појаснувања обратете се до истата е-адреса најдоцна до 6-ти декември (среда).

Максимален буџет по проект/иницијатива: 5.000 УСД.

Проектите треба да се реализираат во период од најмногу 5 месеци. ФООМ исто така го задржува правото да не додели средства доколку процени дека проектите не ги исполнуваат очекуваните стандарди.

КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИТЕ:
11-ти декември 2017г. до 16.00ч.

поврзани новости

нема поврзани новости