Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

ПРОМОВИРАНА „ИЗВОРИТЕ НА ТОТАЛИТАРИЗМОТ“ ОД ХАНА АРЕНТ





На 16 октомври 2014 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 12 часот, беше промовирана книгата „Изворите на тоталитаризмот“ од Хана Арент во издание на Фондацијата Отворено општество - Македонија и издавачката куќа „Култура“. Промотори на второто издание на оваа книга беа Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, Горан Јанев од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Соња Исмаил од ФОРУМ - Центар за стратегиски истражувања и документација.

„Изворите на тоталитаризмот“ претставува обид да се прикаже структурата на тоталитарната држава и принципите на нејзиното дејствување, да се покаже дали воопшто постои  такво  нешто  како  природа  на  тоталитаристичката власт, има ли таа своја сопствена суштина и може ли да биде споредувана и дефинирана како другите форми на владеење, што западната мисла ги знае и ги признава уште од времето на античката филозофија.

Промоцијата проследена со дебата за структурата и принципите на секојдневието во кое опстојуваме, ја водеше Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Отворено општество - Македонија.

- По падот на Берлинскиот ѕид се покажа дека капитализмот е промискуитетен, наместо да води љубов со слободата, оди в постела со автократијата. Мислам дека е тоа одлична кратка дијагноза за тоа до каде е стигната работата и дека веројатно се потребни и нови одговори. Значи, сепак книгите ни се потребни и на книгите мора да им се враќаме, затоа што ако тоа не се случува, тогаш несомнено полесно стануваме жртви на манипулација и на оние кои умеат да манипулираат со ирационалното, рече Милчин.

Според Катерина Колозова, иако „Изворите на тоталитаризмот“ е објавена во 1951 година, книгата е поактуелна денес од кога и да е претходно, бидејќи може да ни помогне да го препознаеме повторното раѓање на формите и механизмите на тоталитаризмот. 

- Во препознавањето на тие механизми ни помага токму книгата на Хана Арент, затоа што ни објаснува како тоталитаризмот ги користи механизмите на демократијата за да се инсталира себе си како тоталитаризам, дека успева да изгради реторика на ултимативната демократија, каде што вие не го препознавате поместувањето на дискурсот и веќе не ни препознавате дека е друга реториката, освен ретки луѓе кои остануваат во комуникација со реалноста. Една од централните алатки на тоталитаризмот е создавањето на лажен универзум, кој функционира сам за себе како самодоволен и затворен универзум, рече Колозова. 

Горан Јанев истакна дека Хана Арент зборувала за она што денес го нарекуваме партизација на државата.
 
- Во тоталитарниот режим се брише разликата меѓу државата и партијата, значи она што ние го зборуваме како партизација, менување на административното тело, доаѓање до работа само преку партиска книшка, преку партиски врски, значи тоа целосно партизирање на општеството - тоа е дефинитвино сигнал за обид за тоталитаризам. Во тој случај  државата и партијата се преплетуваат и се губи дистинкцијата помеѓу нив затоа што ниту партијата, ниту државата се она до кое што треба да стигнеме, затоа што нас ни е целта да го завладееме светот а не оваа држава, рече Јанев.

Соња Исмаил говореше за заедничките именители на тоталитаризмот и популизмот како актуелна форма на владеење во Македонија.

- И популизмот генерира еден шум што се заканува да го доведе до тотална неспособност секој обид за критичко промислување на стварноста. И популизмот креира митови, значи континуирано креира митови и се занимава исклучиво или во најголем дел со големи теми, големи прашања, рече Исмаил.