Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ЏОРЏ СОРОС ТРЧА НИЗ КАЗНЕН ШПАЛИР

Напаѓан од политичари од Вашингтон до Скопје

18ти мај 2017 год.

Во книгата „Маскарада“, мемоарите на Тивадар Сорос за Будимпешта под нацистичка окупација, тој опишува како успеал да набави лажни лични карти за неговите сонародници Евреи, вклучително и за неговиот 14-годишен син Џорџ. Пристапот на постариот Сорос кон фалсификувањето е просветлувачки. Од богатите клиенти тој „барал работи што лесно се пласираат на пазарот“. Од очајните не заработил ништо: „Чувствував дека сум барем малку одговорен за сите“. Џорџ се претставувал како кумче на функционер кој правел попис на стоката запленета од имотите на Евреите. „Без ризик“, вели неговиот татко за времето кога секој ден бил коцкање со животот или смртта, „нема живот“.

Апетитот за ризик го направи Џорџ Сорос милионер, но му донесе и непријатели, исто како и неговата наследена филантропија. Во последните месеци, ваквите огорчени чувства достигнуваат нов, алармантен подем. Се чини дека двете линии на критика, во Америка и надвор од неа, се споија во единствен напад олицетворен во неколку штури писма испратени од републиканските политичари. Група сенатори му пишаа на државниот секретар Рекс Тилерсон, додека мал број конгресмени се обратија до државниот ревизор, со еден ист детаљ како крајна цел: улогата на УСАИД, американската агенција за странска помош, во Македонија, односно нејзината соработка со локалната гранка на Фондациите Отворено општество (ФОО) на г-н Сорос.

Г-н Сорос поддржува демократски реформи во Средна и Источна Европа уште од времето кога дистрибуирал машини за фотокопирање меѓу активистите во 1980-те години. Неговите програми отворено промовираат слободни медиуми, фер избори и отчетна власт, а не опозициски партии, но локалните автократи честопати не ја прават оваа разлика. Кремљ, кој го обвини г-н Сорос за мирни револуции во поранешните советски соседи на Русија во 2000-те години, ја избрка неговата филијала од Русија во 2015 година. Белорусија и Узбекистан го туркаат да го направи истото.

Име што асоцира на моќ

Како што Русија го оживува своето влијание во Европа, антипатијата кон г-н Сорос се удвојува: во Романија, Полска, и посебно во Македонија каде, во екот на политичка криза и наводи за поткупување и местење на изборите против претходниот премиер, се појави движењето „Стоп Операција Сорос“. Во меѓувреме, Виктор Орбан, премиерот во родната Унгарија на Сорос и корисник на стипендија финансирана од Сорос, ја критикува „транснационалната империја“ на неговиот добродетел. Парламентот во Унгарија донесе закон кој може да го затвори Универзитетот на Централна Европа што г-н Сорос го основа во 1991 година. Друг закон, кој допрва треба да се донесе, би можел да се искористи против неговата фондација.

Неговите политички ставови и огромни донации доведоа до зајадливост и во Америка. Осудата на Џорџ В. Буш и војната во Ирак го направија страшило меѓу десничарските потпалувачи на оган и промотори на теориите на заговор. Неговата поддршка за Хилари Клинтон и омаловажувањето на Доналд Трамп како „измамник“ и „диктатор во подготовка“ им дадоа нова сила на неговите напаѓачи. Неодамна, тој направи збрка на локалните избори за обвинители од Луизијана до Илиноис, кладејќи се дека реформистичките обвинители може да помогнат во промената на кривичниот систем. Понекогаш, кандидатите кои тој ги поддржува се чинеа исто толку изненадени од неговата поддршка како и нивните ривали, но дванаесетмина од петнаесетте кандидати кои тој ги издвои - победија на изборите.

Сепак, дури и кога не го сакаа неговото влијание дома, политичарите од обете партии кои ги следат главните општествени текови во Америка главно ги одобруваа неговите цели во надворешната политика. Сега таа разлика полека исчезнува, како што покажуваат македонските писма. Таквата интервенција е бизарна: американските политичари всушност се ставаат себеси на страната на една далечна партија, оптоварена со скандали, која ја ужива поддршката на Русија и која има сојузници што посегнале по насилство, омаловажувајќи ја сопствената влада и, се разбира, г-н Сорос. Дури и фактите им се погрешни: УСАИД никогаш не ja финансирала групата на Сорос во соседна Албанија, како што наведуваат сенаторите. Според буџетот на Агенцијата и на Фондациите, оспорените суми се многу мали.

Во секој случај, озлогласеноста на г-н Сорос од домашните мочуришта до земјите на Балканот е чудна. Сигурно дека тој не е светец. Дел од неговото богатство доаѓа од шпекулации на берзата, на пример, кога преку соборување на вредноста на фунтата во 1992 година „ја урна Банката на Англија“. Исто така, во Франција тој е осуден за инсајдерско тргување во 1988 година. Сепак, тој дал милијарди долари за вредни каузи. Мајкл Вачон, негов долгогодишен советник, истакнува дека г-н Сорос нема никаква лична добивка од неговите заложби, да речеме, за правата на Ромите или од укинувањето на смртната казна. Во политиката, вели г-н Вачон, за разлика од други големи донатори, тој „секогаш лобира за некаков јавен интерес, никогаш за лична добивка“. Многу често тој промовира јавни политики, како на пример онаа за оданочување, кои би можеле скапо да го чинат.

Канаринец во глобалниот рудник

Во дел, неговата неволја е показател за напредувањето на авторитаризмот. Како што вели Радек Сикорски, поранешен министер за надворешни работи на Полска, г-н Сорос „е постојан застапник на либералниот поредок, а самиот либерален поредок е под напад“. Режимите во Европа можеби гледаат можност за нивниот натамошен подем во вивнувањето на моќ на г-н Трамп, кој е скептичен во однос на извезувањето демократски идеали (и чија кампања го демонизираше г-н Сорос). Од друга страна, некои луѓе во Конгресот можеби го гледаат како алатка, но и како таргет, при што нивната вистинска цел е да ја дискредитираат прекуокеанската помош.

Без оглед на причините, како што се шири нападот врз Сорос, односно како што идејата за неговото мешање на глобално ниво добива лажен кредибилитет со секое повторување на приказната, така се шират и другите проблематични гледишта. Едно од нив е циничното тврдење дека мирните демонстранти, без оглед дали тие се против политиките на Трамп или корупцијата во Романија, излегуваат на улица само доколку се поткупени: обично од страна на Сорос, според клеветите што доаѓаат од Букурешт до Вашингтон. „Ако ги плаќавме сите демонстранти како што велат тие“, на шега вели Лаура Силбер од ФОО, „досега неколкупати ќе банкротиравме. Тоа е навреда за луѓето кои го бранат она во што веруваат.“ Второ, лажните демократски лидери сè повеќе се потпираат на надворешни непријатели за да ги зацврстат своите позиции, па дури и ги измислуваат кога тоа е потребно.

На крајот, постои конкретен вид на непријател што г-н Сорос треба да го отелотвори. Неговото портретирање како октопод или како куклар што ги влече сите конци, како што беше прикажан на еден билборд во Унгарија, неизбежно потсетуваат на антисемитската пропаганда од минатиот век. Некои од таквите одеци може да се случајни, односно поддржувачите на теории на заговор несвесно да ги користат тие метафори, но тие се очигледни. На пример, твитот на републиканскиот конгресмен Стив Кинг, во кој го фали г-н Орбан, во исто време го нарекува г-н Сорос „марксистички милијардер“. Тоа оди во прилог на старите клевети против Евреите, како што Тивадар Сорос вели во својата книга, „во исто време тие во раце ги држеа и западните капиталистички земји и рускиот болшевизам“. „Тој ги преживеа нацистите“, вели г-н Вачон за моменталната позиција на г-н Сорос, „но размислува долгорочно“. Несомнено, но на одреден начин ова мора да му се чини депримирачки познато.

Овој напис беше публикуван во САД, во печатеното издание на „Економист“, под наслов „Државен непријател број еден“.

поврзани новости

нема поврзани новости