Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017
пронајди

ДОДЕЛЕНИ 6 ГРАНТА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА МОНИТОРИНГ НА РЕФОРМИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА


На Повикот за доделување грантови на граѓански организации од областа на реформи во јавната администрација, објавен во мај 2017 година, до Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ)  и  ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии пристигнаа вкупно 22 предлог-апликации.

Управниот одбор на ФООМ додели грантови на 6 граѓански организации за мониторинг на реформите на јавната администрација, во вкупен износ од 50.000 евра.

Целта на шемата за ре-грантирање е да придонесе кон јакнење на влијанието на граѓанското општество во процесите на креирање на јавните политики во областа реформа на јавната администрација преку унапредување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на мониторинг базиран на докази и овозможување на простор за соработка на граѓанските организации во нивните застапувачки активности за подобрување на политиките поврзани со реформата на јавната администрација.

Доделени грантови:
Организација   Име на проект Одобрен буџет 
Здружение на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности Комуникација меѓу граѓаните и институциите на централно ниво во согласност со Законот за јазиците 8.690 евра
Рурална коалиција – Куманово Отчетност за сработеното со парите на граѓаните – реформа на јавната администрација која тешко се достигнува 8.610 евра
Младински образовен форум Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт 8.600 евра
Здружение за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА Мониторинг на работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер 8.580 евра
Здружение „Регионален центар за одржлив развој“ - Кратово Мониторинг на процесот на деполитизација и департизација на јавната администрација низ постапките за вработување, унапредување и оценување на работата на службениците 8.520 евра
Здружение за одржлив развој ГЕНЕРА Скопје Партиципативен и транспарентен развој на одржливи политики во градежништвото - ПАРТОГА 7.000 евра

Првиот повик за доделување на грантови е дел од шемата на ре-грантирање која се спроведува во рамките на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, имплементиран од Фондација Отворено општество – Македонија и ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, а финансиски поддржан од Европската унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015.

поврзани новости

нема поврзани новости