Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Пристап до правда во Македонија
пронајди

ЗАЛОЖБИТЕ НА ФООМ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА НА СИРОМАШНИТЕ И МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ СЕ ДОЛГОГОДИШНИ И СЕОПФАТНИ

Од прес-конференцијата на проектот Пристап до правда во Македонија

На 21 март 2017 година (вторник), со почеток од 11.30 часот, во ЕУ Инфо центарот, се одржа прес-конференција во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија финансиран од Европската Унија.

Прес-конференцијата имаше за цел да ги запознае новинарите со моменталната состојба со правото на бесплатна правна помош и пристапот до правда на граѓаните на Македонија, да се запознаат со ЕУ и меѓународните стандарди во ова поле, но и да развијат квалитетни стории поврзани со (не)пристап до правда.


Настанот го отвори Јаромир Левичек, раководител на oдделот Економија и финансии, јакнење на институционалните капацитети и прекугранична соработка во Делегацијата на Европската Унија кој посочи дека пристапот до правда е суштински елемент во системот на владеење на правото и дел од модерните правни системи.

- Поради неговата важност на ниво на Европската Унија, пристапот до правда претставува еден од клучните услови за пристап до ЕУ - нагласи Левичек. 

Пред присутните се обрати и Нада Наумовска, постара координаторка на програма во Фондацијата Отворено општество – Македонија.

- Заложбите на ФООМ за подобрување на пристапот до правда на сиромашните и маргинализираните лица се долгогодишни и сеопфатни. Како резултат на долгогодишната поддршка на граѓанските организации кои работат на подобрување на пристапот до правдата за најранливите луѓе во Македонија, 5.500 лица добија правен совет за да ги остварат своите социјални, имотни, работнички и други права – истакна Наумовска.

Понатаму, пред новинарите и претставниците на здруженијата кои даваат бесплатна правна, параправна и правна помош беа презентирани наодите од истражувањето за јавната перцепција и запознаеноста на граѓаните со Законот за бесплатна правна помош, од кои јасно се гледа дека многу е мал бројот на граѓани кои се запознаени со правото на бесплатна правна помош, но уште попоразителен е фактот дека согласно законските услови, само 1,1% од целокупната популација во Македонија може да добие бесплатен адвокат.
Христина Василевска, координаторка на проектот Пристап до правда во Македонија, укажа на утврдените недостатоци на Законот за бесплатна правна помош,и нагласи дека препораките за негово подобрување мора да бидат во согласност со ЕУ и меѓународните стандарди и позитивната пракса од други држави.

Проектот Пристап до правда во Македонија е финансиран од страна на Европската унија преку инструментот за демократија и човекови права (EIDHR). Овој проект претставува продолжение на напорите на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), како координатор и на петте партнерски здруженија овластени за давање на бесплатна правна помош, за доближување на ова право до граѓаните.

Целта на проектот  е да придонесе кон подобрување на системот за заштита на човековите права во земјата преку оценување на задоволството од постојниот систем за бесплатна правна помош на граѓаните и утврдување на слабостите од неговото спроведување со цел застапување за негово подобрување. Специфични цели на проектот се: (1) да се поддржат овластените здруженија кои  даваат претходна правна помош, со цел  подобрување на пристапот до правда; и (2) детална анализа на имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош преку спроведување на независна оценка на системот за бесплатна правна помош и мерење на задоволството на граѓаните од системот за бесплатна правна помош и неговата достапност. Вкупната вредност на проектот изнесува 126.000 евра.

поврзани новости

нема поврзани новости