Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ГРАЃАНСКА АЛИЈАНСА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ“

Ве покануваме на настанот за промоција на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната админстрација од страна на граѓанските организации” кој ќе се одржи на 10 март 2017 година (петок) со почеток во 11 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната админстрација од страна на граѓанските организации” е финансиски поддржан од Европската Унија, а го спроведуваат „Фондација Отворено општество - Македонија“ и „Евротинк - Центарот за европски стратегии“. Вкупната вредност на проектот изнесува 333.333 евра. 

Настанот ќе го отвори Н.Е. Самуел Жбогар, Амбасадор на Европска Унија, по што ќе следат говори на г-ѓа Фани Каранфилова-Пановска, Извршна директорка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“ и г-дин Бојан Маричиќ, Извршен директор на „Евротинк – Центар за европски стратегии“. 

По воведните излагања ќе бидат презентирани клучните наоди од истражувањето за знаењето и учеството на граѓанските организации во процесот на реформа на јавната администрација.
Општа цел на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната админстрација од страна на граѓанските организации” е јакнење на влијанието на граѓанското општество во процесите на креирање на јавните политики. Се очекува проектот да придонесе кон унапредување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување мониторинг базиран на докази на процесот на реформата на јавната администрација и да овозможи простор за соработка на граѓанските организации во нивните застапувачки активности за подобрување на политиките поврзани со реформата на јавната администрација.

На настанот ќе биде обезбеден превод на англиски и албански јазик. Во прилог ја испраќаме и агендата за настанот. 

За информации поврзани со настанот, Ве молиме контактирајте ја Диана Жупаноска: 
Тел.+ 389 078 297-472; е-меил: diana.zupanoska[at]eurothink.mk. 

Со почит,
ФООМ и ЕВРОТИНК 


поврзани новости

нема поврзани новости