Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА РЕГИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊАТА „ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА НАУЧНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО РМ“






Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), на 16 февруари 2017 година (четврток), во хотелот Холидеј ин во Скопје, ја организираше завршната конференција на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во земјите на Западен Балкан (РППИ) на тема „Предизвици и можности за финансирање на научното истражување во Република Македонија“.

На конференцијата присуствуваа стотина учесници, меѓу кои научни кадри од јавни и приватни високообразовни установи и научни институции, пратеници од Собранието на Република Македонија, претставници на управата на универзитетите, истражувачките невладини организации и индивидуални истражувачи, како и претставници на Министерството за образование и наука и медиумите.

Целта на конференцијата беше да се промовира новиот Предлог-модел за финансирање на научноистражувачката дејност во Република Македонија, да се споделат научените лекции и сличните искуства од Словенија и од Естонија и да се овозможи дискусија за перспективите на научноистражувачката дејност.

Конференцијата ја отвори Н.Е. Сибил Сутер Тајада, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија, која во своето излагање се осврна на улогата на науката и истржувањето врз општествениот развој воопшто, како и на развојната поддршка на Швајцарија во Македонија. Амбасадорката заклучи дека во иднина сепак, покрај поддршката на меѓународната заедница, владите на земјите од регионот заедно со истражувачката заедница и медиумите треба да ја има клучната улога во унапредување на научноистражувачката дејност.

На конференцијата поздравно обраќање имаше и извршната директорка на ФООМ, Фани Каранфилова-Пановска, која ја истакна долгогодишната успешна соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка. Принципите на кои се заснова РППИ ги рефлектира принципите на ФООМ. Креирањето јавни политики кои се базирани на истражувачки факти кои се меѓусебно комуницирани и вклучувањето на сите заинтересирани страни во процесот се предуслов за создавање  квалитетни јавни политики, нагласи Каранфилова-Пановска.

Влијанието на РППИ во Македонија и научените лекции ги сподели Александра Димова Манчевска, координаторка на РППИ во Македонија. Резултатите од истражувањето кое го спроведе Универзитетот Фрибург покажа дека учесниците ги сметаат за многу важни или важни сите видови на поддршка кои ги обезбеди РППИ, со особен акцент на истражувачките грантови, методолошките/тематските тренинзи и вмережувањето. Според испитаниците, РППИ имала силно влијание врз развојот на индивидуалниот и институционалниот истражувачки капацитет, креирајќи истражувачка заедница која може да одговори на меѓународните истражувачки стандарди во област на општествените науки. Како што истакна Димова Манчевска, РППИ не придонела за „brain-drain“, туку напротив, програмата допринела за „brain-circulation“, но и за обезбедување на истражувачка слобода и независност.

Во продолжение беше преставен Предлог-моделот за финансирање на научноистражувачката дејност во Република Македонија, а прегледот на целокупниот процес го направи м-р Ирена Цветковиќ, истражувачка вклучена во Националниот дијалог за унапредување на истражувачките политики во Македонија.

Цветковиќ се фокусираше на предивиците со кои се соочува истражувачката заедница во Македонија, спроведените активности и методологијата на истражувањето. Предлог-моделот за финансирање на научното истражување предвидува основање на Агенција за научни истражувања. Младите истражувачи се од посебен интерес за овој модел, а нивната вклученост во сите форми за поддршка е од особена важност, наведе Ирена. 

Презентација на предлог-моделот направија професорките д-р Снежана Билиќ и д-р Емилија Симоска, кои воедно се и негови креаторки. 
Проф. Билиќ истакна дека Агенцијата ќе биде надлежна за транспарентно, ефикасно и ефективно остварување на Националната програма за научноистражувачка дејност и за меѓународна соработка. Нејзината основна дејност е распишување и спроведување јавни конкурси за активностите во нејзина надлежност. Агенцијата ќе биде  самостоен и независен државен орган кој за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија. Агенцијата има својство на правно лице и е корисник на средства од буџетот на Република Македонија. Проф. Билиќ во својата презентација се осврна и на субјектите за научноистражувачка дејност и на формите на поддршка.

Процедурата за донесување на одлуки за финансирање на активностите кои се во надележност на Агенцијата беа во фокусот на излагањето на проф. Симоска. Транспарентноста, компетитивноста, експертизата и одговорноста се основните принципи на кои се заснова моделот. Континуираното финансирање на научното истражување е предуслов кој овој модел мора да го гарантира и тоа мора да е дел од закон, истакна проф. Симоска. Процедурите за финансирање на научноистражувачки проекти  и научни трудови се детално регулирани во предлог-моделот. Другите форми на поддршка (програмите од национален интерес, меѓународната соработка, развојот на млад истражувачки кадар и истражувачка инфраструктура) се исто така опфатени во овој модел, но истите предвидено е да се регулираат или со подзакоси акти или со годишните програми, заклучи Симоска. 

Во третиот дел од конференцијата беа споделени искуствата од Естонија и Словенија. Д-р Мадис Салувеер, одговорен за финансирање во Естонскиот истражувачки совет, во својата презентација се фокусираше на Инструментите за јавно финансирање како предуслов за успешен развој на R&D во Естонија, а проф. д-р Митја Жагар, член на Научниот совет на Словенечката истражувачка агенција, говореше за организацијата и финансирањето на научното истражување во Словенија.
Потоа следеше дискусија со присутните гости за перспективите на научноистражувачката дејност.

Клучни зборови

| настан