Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

ПОВИК ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПОСТАПАТ ПО НАВОДНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ, НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ, КОРУПЦИЈА И НАРУШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА КОИ СЕ НАВЕДУВААТ ВО ОБЈАВЕНИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Платформа на граѓански организации за борба против корупција

Платформата на граѓански организации за борба против корупција на 25 март 2015 година (среда), во 12 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје, одржа конференција за печат во врска со аферата за прислушуваните телефонски разговори кои повеќе од еден месец се објавуваат во јавноста од страна на опозициската СДСМ.

На конференцијата за печат беше упатен повик до надлежните институции да постапат по наводните злоупотреби, незаконито постапување, корупција и нарушување на човековите права кои се наведуваат во објавените телефонски разговори. Нивното барање се однесува на прашањата кој и зошто ја нарушил приватноста на граѓаните, но и на содржината на објавените разговори од опозицијата.

- Она што се случува во Јавното обвинителство, постапката која е поведена и насловена како „Пуч“, е нешто што немаме сознанија дека е директно поврзано со овие прислушувања кои ги слушаме. Никој не ја потврди поврзаноста, никој не ни кажа дека се истите работи. Сметаме дека треба да се утврди кои ги правел овие прислушувања со кои се загрозени човековите права на конкретни граѓани. Институциите не беа доволно агилни и транспарентни да ни објаснат што работат и затоа ние бараме да се произнесат кој ги снимал, како се снимале разговорите и да се произнесат за постапките кои ќе ги поведат по однос на содржината - вели Слаѓана Тасева од „Транспарентност Македонија“.

Снимките треба да бидат посебно и внимателно испитани, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. Кој и да е изворот на снимените разговори, содржината сугерира постоење на корупција, вклучително и масовна злоупотреба на службената положба, што се казниви дејствија за кои се гони по службена должност.

- Обвинителството веднаш да покрене постапка за гонење на непознати лица за неовластено и незаконско прислушување и да отвори постапка за сите наводни злоупотреби, незаконски постапувања, корупција и нарушување на човековите права кои се наведуваат во објавените снимени разговори, а посебно да ги испита индициите од снимките дека МВР се ставило во функција на спречување на политичко делување во време на избори, оти постоело прекршување на избирачкото право, незаконски се издавале лични карти, ресурси на МВР биле употребени како партиски штаб, имало манипулација со социјалната помош и бенефиции, УЈП селективно постапувала приконтрола и казнување, а постоеле и притисоци и закани за губење на работното место за вработени во јавната администрација - истакна Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.

Платформата на граѓански организации за борба против корупција, чија цел е проактивно, динамично и оспособено граѓанско општество кое ќе игра значајна улога во борбата против корупцијата, е основана на 9 декември 2014 година од страна на 15 граѓански организации: Асоцијацијата за демократски иницијативи, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, Истражувачкиот центар за граѓанско општество, Коалицијата „Сите за правично судење“, КОНЕКТ, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Метаморфозис, МОСТ, Охрид Институт, Транспаренси Интернешнл Македонија, Транспарентност Македонија, Фондацијата Отворено општество - Македонија, Форум ЦСИД, Центарот за граѓански комуникации и Центарот за истражување и креирање политики. 



Клучни зборови

| граѓанско општество