Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

ПРОМОВИРАНА „ЕНВЕР ХОЏА“ ОД БЛЕНДИ ФЕВЗИУ







Фондацијата Отворено општество - Македонија на 16 декември 2014 година, во ГЕМ клубот, ја промовираше книгата „Енвер Хоџа“ приредена од познатиот албански новинар Бленди Февзиу.

„Енвер Хоџа“ претставува прва биографија за озогласениот албански комустички лидер заснована на документи од личната архива и на исповедите на оние што го познавале. Диктаторот што ја изолира Албанија, човекот кој со никого не ја сподели власта во текот на повеќе од 40 години и оној што го искреира најрепресивниот политички режим во Европа. Промотори на изданието беа Владимир Милчин, Мерсел Биљали и Љубомир Данаилов Фрчкоски.



Владимир Милчин за оваа публикација рече дека ја разобличува диктатурата, која е возможна, и во време на фашизам, и во време на комунизам, па и во време на популизам. Енвер Хоџа денес е еден од најозогласените лидери на комунистичките партии од минатиот век. Неговото владеење резултирало со целосна изолација на Албанија и со ликвидирање на илјадници Албанци, дел од нив затоа што му се спротивставиле на режимот, а дел од најбизарни причини затоа што диктаторот се заситил од нивното присуство. 

- Енвер Хоџа почнал да го чисти кругот околу себе порано отколку Сталин, по возраст и по стаж колку време бил на власт. Тој го почнал тоа уште пред да ги преземе сите конци в рака. На Сталин му требало време за тоа. Енвер е веројатно најбрзиот во таа смисла ликвидатор, чистач на својата околина, зашто тој прави сè за да направи свој споменик, рече Милчин.

Професорот Мерсел Биљали зборуваше за тоа дека се работи за личност кој е медиокритет, со просечна интелигенција, човек кој ликвидирал сè живо, и пријатели и противници и неистомисленици и конкуренти. 

- Правел сè со најсилна кампања со тогашните средства - прво весници, па радио а подоцна и телевизија, па сè до стилот уста-на-уста, за што имал специјална екипа за да го величаат него и неговото дело и успеал да се наметне без да има никави резултати, исто како кај нас, кога сега се фалиме дека сè ни е најдобро, а практично ни е многу лошо, истакна Биљали.

Масовно, со помош на тајната полиција, се следеле луѓето, се претпоставува дека над 60 проценти биле следени по различни основи. Се следеле луѓе без никаква правна основа, за жал и денес и тука имаме ситуација која многу подоцна ќе излезе на површината дека и тука се следат без никакви правни основи и документи.



Професорот Фрчкоски говореше за тоа како се одвивала перманентната чистка во Албанија во времето на Енвер Хоџа, низ една патологија на времето до екстреми, но и за вербата што ја имале жртвите на диктаторот.

- Хоџа ја нема истата верба, тој е различен карактер од сите негови жртви, од сите негови „пријатели и другари“. Никој од големите сатрапи, всушност, ја нема таа верба во идејата. Таа е привилегија на жртвите, рече Фрчкоски.

Чистките ја зајакнува партијата, па така егзекуциите на Хоџа почнуваат од 1944 година кога тој доаѓа на власт и траат сè до крајот, до неговата смрт во 1985. Некои од убиените се повеќе пати погребувани и откопувани, де како херои, де како предавници. Во тоа време Албанија ги губи и своите најголеми интелектуалци, сè со цел чистиките да ја зајакнат партијата и да се задржи узурпацијата на власта.

Најзаслужни за паѓањето на режимот во Албанија биле студентите кои го покренале движењето против диктатурата, а последниот удар му го задале рударите и работничката класа додека интелигенцијата молчела.