Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

ПРОМОВИРАНА „ВЕРНИ ДО СМРТ“ ОД КИТ БРАУН





 
Фондацијата Отворено општество - Македонија на 15 јануари 2015 година, во ГЕМ клубот, ја промовираше книгата „Вeрни до смрт: Довербата и теророт во револуционерна Македонија“ од Кит Браун. Промотори на изданието беа Драги Ѓорѓиев, директор на Институтот за национална историја, и Ирена Стефоска, професор на Институтот за национална историја. Гостин беше и авторот Кит Браун, а модератор на промоцијата, по која следеше и дебата со присутните, беше Билјана Бејкова.

„Верни до смрт“ е книга за општествените и културните механизми на лојалност и за начините преку кои Македонската револуционерна организација успеала да ги поврзе печалбарите, селаните од зафрлените села и нивните лидери во една заедничка кауза и организација која имала своја терминологија и хиерархија, но и моќ да решава за животот и смртта на членовите кои ѝ се заколнале на верност.



Авторот Кит Браун оваа книга не ја напишал само за нас Македонците, туку заради тоа што Македонија не е толку позната земја во светот и со тоа сакал да ја постави историјата на Македонија во глобален контекст.

- Раѓањето на движењето кои произлегува од идејата на шестмина млади луѓе кои се шетаат покрај морето во Солун во 1903 година и за десет години настанува револционерно движење од 20 илјади луѓе кои со пушки се борат против Отоманската империја. Ова е приказна што сите вие одамна ја знаете и за вас е нешто нормално, но кога почнав да читам за други движења сфатив дека не е толку нормално, туку морало да има нешто што толку силно ги мотивирало овие луѓе, истакна Браун во своето излагање.

Ова не е книга за лидерите, за водачите, за хероите, за митовите кои се создадени кај нас за оваа организација, тоа е книга за базата, за безимените луѓе кои ја крепеле организацијата и без кои таа не би го постигнала тоа што го постигнала, истакна директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓорѓиев. Тој понатаму се задржа на елементите кои ги натерале тие луѓе да се посветат на една идеја и во рок од десет години да се обидат да се спротивстават на една империја како што била Османлиската империја. 

- Зошто и како се случило толку голем број на приврзаници да се приклучат кон таа организација и толку верно да ѝ служат барем во првите 10 години и како успеало за тие десет години тоа општество, тоа анемично, морално и интелектуално и материјално инфериорно општество да создаде една таква вооружена сила. Тоа се двете основни прашања на Браун, рече тој.



Активностите на обичното членство преку кои се создава доверба, солидарност и лојалност кон Македонската револуционерна организација се печалбата, заклетвата, создавањето архива односно бирократијата на организацијата, четите и атаците и оружјето. Тоа се механизмите кои Кит Браун ги издвојува како елементи кои најсилно влијаеле врз институционализирањето на организацијата.

На ова се надоврзува и промоторката Ирена Стефоска од Институтот за национална историја, кога вели дека Браун ги истражува лојалностите со што се отвора едно сосема ново разбирање на историјата на османлиска Македонија и на Македонската револуционерна организација.

- „Верни до смрт“ јасно покажува како и покрај мизансценот на османлиската власт, на соседните компетитивни национализми, на огромната селска сиромаштија и морето од печалбари, една модерна револуционерна организација успеала да ги трансформира постоечките солидарности во едно ново чувство за македонско себство, или македонизам, обединувајќи ги протагонистите во нивната посветена борба за политичка автономија на Македонија, рече Стефоска.