Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017
пронајди

ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА „МОДЕЛИ НА СТУДЕНТСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”

Процесот на консултации со студентите од четири универзитетски центри за тоа какво студентско организирање сакаат студентите заврши со тркалезна маса одржана на 30 ноември 2017 година, во хотелот Солун во Скопје, како дел од концептот Инклузивни и транспарентни образовни политики на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во партнерство со Младинскиот образовен форум (МОФ).

Министерката за образование и наука Рената Дескоска, пратеникот Петар Атанасов кој е претседател на Комисијата за образование при Собранието на РМ, Споменка Лазаревска - програмска директорка во ФООМ, Деа Здравковска од Студентски пленум, Фани Димоска од студентската организација ЕЛСА и Дона Костуранова и Теодора Столевска од МОФ се обратија со своите воведни излагања.


Министерката Десковска Треневска, истакна дека без независно студентско организирање  студентите не можат да ги заштитат своите права.

„Но, постои уште една посилна причина или цел зошто ни е потребно студентско тело кое вистински ќе ги претставува студентите, а тоа е автономијата на универзитетите. Досегашните студентски претставнички тела беа подложни на партиски притисоци и влијанија, а со тоа се нарушуваше и автономијата на универзитетот. Затоа велам дека кога ќе зборуваме за автономија во рамките на високото образование, мојата цел ќе биде автономија во однос на сите, односно автономија кога што ќе значи слобода на истражување, слобода на мисла, слобода на одлучување во однос на сите структури “, рече министерката Десковска.

Студентите побараа Студентскиот парламент да стане тело во рамки на универзитетот кој ќе го контролира неговото финансиско работење, а не како досега, да фигурира како невладина организација. Се бара промена на начинот на изведување на студентските избори за да може на нив да се кандидира секој студент, а студентите наместо само за претседател, да гласаат и за сите студентски пратеници во парламентот. Истовремено бараат и проширување на учеството на студентите во сите поважни тела на факултетите, за да се создаде вистинско студентското тело наместо фигуративен парламент.

„Студентското организирање ја отвори пандорината кутија на УКИМ. Наназад се покажа дека Универзитетот не сака да им помогне на студентите. Оние студенти кои седат во студентскиот парламент и ги бранат правата на студентите, треба да бидат и одговорни. Студентскиот парламент мора да биде тело во рамките на универзитетот, затоа што така ќе добиеме поголема кохезија и студентите треба да знаат што е право на глас односно да научат да го користат, а притоа да не бидат тепани од комисиите, како што се случи минатиот пат“, истакна Деа Здравковска, од Студентски Пленум која побара промените побрзо да се случат, а ова да биде последна конференција на која се зборува за студентско организирање.

Учесниците во дискусијата се осврнаа на конкретни проблеми кои влијаат во студентското организирање, како должината на мандатот на студентските претставници, функцијата на студентскиот правобранител, но и на тоа дали и реформираното студентско тело во иднина треба да продолжи да го носи името Студентски парламент. Претставниците на парламентот не беа повикани на настанот.

„Ние не поканивме претставници од Студентскиот парламент бидејќи тоа што сега се случува е критика на она на каков начин се избираа претставниците досега на Студентскиот парламент. Сметаме дека начинот на кој беа избрани претходните претставници и Давор Поповски како претседател е нелегитимен и затоа сметаме дека не треба да биде дел од овие консултации“, изјави Столевска од МОФ.

Предлозите за тоа какво студентско организирање е потребно ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука.

Видео од настанот е достапно на:   https://www.facebook.com/MOF.edu/videos/10155898542915960/
Фотографии: Младински образовен форум

поврзани новости

нема поврзани новости