![]() |
|
![]() |
English version - Makedonska verzija |
Изработено од |
| Да се застане пред икона
е како да се стои под отворено ѕвездено небо. Во иконите се има свое значење - уметничко, суштинско, сакрално. Видот на дрвото, големината на штицата, составот на подлогата и лакот, боите, изразот, „недостигот“ на перспектива, ништо не е случајно. Како и создавањето на светот, сликањето на иконите започнува со светлина - златниот фон, од кого, како од морето на возвишена благодет во дословна смисла се раѓаат иконичките образи. Тие не се само уметнички дела, туку и сведоштво: живо катче за исконската мудрост кое немо говори за неразделната вткаеност на телото во духот и духот во телото. Како творечка традиција во православието иконата има повеќесјолно значење кое средишно место му дава на човекот како на слика Божја. Сакралноста на иконите не може да се изрече со збор или да се улови со објективот. Незаменлив е мигот на средбата со нив.
|
|
Icons of Macedonia |
|||