![]() |
|
![]() |
|
| XVI ВЕК | БЛАГОВЕШТЕНИЕ |
| Димитар Зограф од
с. Леуново - Мавровско. 1537-1543 год. 34,4 x 25,5 cm Темпера. Гипсен грунд на штица. Од црквата Св. Јован Претеча - манастир Слепче, с. Слепче - Демирхисарско. Денес во музејот на Македонија, Скопје. Состојба: Добро зачувана. |
Иконографија: Богородица, претставена во цел раст. Застаната на низок постамент, пред престол без наслон. Десната рака подигната во знак на изненадување, а во левата држи вретено. Од другата страна, архангелот Гаврил со десната рака благословува, а во левата држи жезло. Од светлосен сегмент на небото, еден зрак паѓа врз Богородица. Во зракот - Св. Дух. Во заднината условна архитектура. Помеѓу две згради префрлена драперија украсена со цветови. Конзервација: Иконата е конзервирана. |
||
<< Претходна - Следна >> |
||
| Иконите во Македонија |
| 15.09.1998 |