Logo gore
Logo dolu
XIV век СЛЕГУВАЊЕ ВО ПЕКОЛОТ
 
Детал:

Михаил и Евтихиј Зографи.

1295 - 1317 год.

46 x 38 cm.

Темпера. Гипсен грунд врз штица.

Од црквата Богородица Перивлептос (Св. Климент), Охрид.

Денес во Галеријата на икони, Охрид.

Состојба: Иконата е добро зачувана.

 

Иконографија: Во средината на композицијата, во мандорла богато штрафирана со злато, претставен е Исус Христос во моментот на слегување во пеколот. Под неговите нозе се наоѓа искршената врата на пеколот. Од десната страна, од гробот, излегува Адам, придржуван од Исус Христос, зад него се Ева и група светители. Од левата Христова страна, над отворен гроб, стојат царевите Давид и Соломон, а зад нив е Св. Јован со уште еден непознат светител. Во горниот дел, над спилестите карпи и Христовата мандорла, во збиена композиција, се претставени ангели со справи за мачење в раце.

Конзервација: Конзервирана во лабораторијата на РЗЗСК во Скопје.

Gore

 

<< Претходна - Следна >>

Иконите во Македонија

15.09.1998