Logo gore
Logo dolu
XIV век КРШТЕВАЊЕ ХРИСТОВО
 
Детал:

Михаил и Евтихиј Зографи.

1295 - 1317 год.

47 x 38 cm.

Темпера. Гипсен грунд врз штица.

Од црквата Богородица Перивлептос (Св. Климент), Охрид.

Денес во Галеријата на икони, Охрид.

Состојба: Иконата е добро зачувана

 

Иконографија: Во средината на композицијата, во реката Јордан, застанат Исус Христос, со перизом околу колковите, малку свртен кон Св. Јован Крстител, кој стои на брегот. На другиот брег се претставени четири ангели со богато драпирана облека. Во горниот дел на композицијата, од светлосен сегмент слетува Св. Дух во вид на бел гулаб. Во реката Јордан се наоѓа персонификација на реката претставена во вид на средовечен човек со сини крила, кој со раката придржува голем сад. Од другата страна, под брегот, се наоѓа желка украсена со црвен плашт.

Конзервација: Конзервирана во лабораторијата на РЗЗСК во Скопје.

Gore

 

<< Претходна - Следна >>

Иконите во Македонија

15.09.1998