поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

Конкурс за стипендии за академската 2014-2015 година

Програмата за стипендии на Фондација Отворено општество го објави повикот за аплицирање за Civil Society Scholar Awards (CSSA) - стипендии за академската 2014-2015 година.

Со Civil Society Scholar Awards (CSSA) се овозможува поголема мобилност помеѓу студентите од повеќе држави во светот. Доколку сте магистрирани и сакате да го продолжите вашиот професионален развој на докторски студии како научник, наставник или јавен интелектуалец можеби токму Civil Scholar Awards е вистинското решение. Овие стипендии даваат можност и подршка и на иновативни проекти, истражување, подобра размена на идеи како и градење на меѓународни мрежи.

Стипендиите  Civil Society Scholar Awards (CSSA) се достапни во повеќе земји, меѓу кои е и Република Македонија.

Предлози за било која област чии предмет е во рамките на општествените и хуманистичките науки се добредојдени, особено оние поврзани со правото, правдата и управувањето; одржлив развој и управување со природни ресурси, економски права и зајакнување на јавното здравство, социјална работа и развој на заедницата, новиот закон за политика на медиумите; инклузивно образование; пост конфликт студии и човековите права.

Апликацијата и официјалниот конкурс можете да ги преземете во продолжение: апликација, MK конкурс и EN конкурс .

Повеќе информации околу аплицирањето може да дознаете и на www.opensocietyfoundations.org/grants/civil-society-scholar-awards .

Младински образовен форум е Административен центар на програмата за стипендии на Фондацијата Отворено општество.
Дренак 34 А, Скопје
Тел: 02/3 139 692
e-маил: aec@mof.org.mk

Краjниот рок за пријавување е 27 април, 2014.

поврзани новости

нема поврзани новости