Конкурси
пронајди

RMUSP Конкурс за стипендирање на студенти Роми за академска 2013/2014 година

RMUSP објавува конкурс за академско стипендирање на студенти Роми државјани или постојани жители на следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција.

КРИТЕРИУМИ
Кандидатите треба:
• Да се Роми;
• Јавно да се декларираат како Роми;
• Во следната академска година да се запишат (или ќе бидат запишани) на државен акредитиран универзитет во родната земја на живеење;
• Конкурсот важи и за оние кандидати кои во следната академска година допрва, ќе се запишат на универзитет/факултет; земји во кои се спроведува RMUSP програмата се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција.     
• Да се студенти на додипломски, последипломски или докторски студии;
• Да испратат целосно пополнета електронска (оn line) апликација согласно програмските рокови;  
• Во склоп на електронската апликација, да пополнат изјава за намена (писмо за мотивација) во која ќе бидат опфатени академските достигнувања, цели, посветеност и мотивација за одреденото ниво на студии;   
• Во склоп на електронската апликација, да напишат есеј кој ќе се базира на прашањата наведени на електронската апликација;
• Да обезбедат официјално уверение за положени испити со оценки од сите завршени академски години како и за последниот завршен семестар септември – декември 2012 година. Кандидатите кои допрва ќе се запишат на факултет, ќе треба да обезбедат заверено сведетелство од последната учебна година, од тековната година. Тековните студенти ќе треба да исполнат услов, од 75% положени испити од претходните академски години.  
• Во склоп на електронската апликација, да прикачат детална, информативна и релевантна Препорака (барем една), опишувајќи ги академските перформанси на кандидатот, неговата/нејзината инволвираност во екстра-курикуларни активности, поврзано со Роми и/или со не-Роми;  
• Да студираат на некои од наведените области: право, јавна администрација, новинарство, политички науки, социологија, психологија, педагогија, филозофија, економија, финансии и банкарство, бизнис администрација, историја, меѓународни односи и Европски студии, комуникологија и односи со јавност, медицина, инженерство, екологија или студии за животната средина, биологија, математика, физика и уметност;
• Да обезбедат документ (во втората фаза од аплицирањето) со кој ќе потврди дека е примен/а на универзитетски студии во матичната земја т.е оригинал потврда за упис на универзитет, за академската година за која кандидатот се пријавува за стипендија.

RMUSP НИВО НА ПОДДРШКА
Во рамките на RMUSP, РЕФ може да поддржи еден ист кандидат/ка во текот на неговите/нејзините студии, максимум 8 години на следниве нивоа:
• едни додипломски студии, во траење од максимум 4 (четири) години или  3 (три) години (според ЕКТС – Европски кредит трансфер систем), со можност за еден трансфер во друг универзитет/факултет/насока;
• едни последипломски студии, во траење од максимум 1 година (доколку додипломските студии се во траење од 4 години) или 2 години (доколку додипломските студии се во траење од 3 години), според ЕКТС - Европски кредит трансфер систем;
• едни докторски студии, во траење од  максимум 3 години.

ФАЗИ И РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Со цел, да бидете дел од програмата за стипендирање во академската 2013-2014 година, ќе треба да се придржувате до првата фаза/рок – навремено испраќање на апликацијата, и втората фаза/рок – навремено испраќање на потврда за редовен студент, доколку плаќате партиципација ќе треба да испратите и потврда за висина на партиципација, како што е наведено подолу:

Прва фаза/рок – Испраќање на апликација
Рок: Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција: 24 МАЈ 2013.  

Втора фаза/рок – Испраќање на официјална потврда за редовен студент
Рок: 15 Октомври  2013

Официјалните потврда за редовен студент и потврда за висина на партиципација (доколку има) – треба да бидат скенирани и прикачени на електронската (on line) апликација.

ВАЖНО!
Строго се препорачува кандидатите, внимателно да го прочитаат РМУСП упатството достапно на Македонски јазик: http://www.romaeducationfund.hu/rmusp-upatstva

За подетални информации за програмата можете да се обратитe на националниот координатор: Ајсел Мемет; e-mail: ajsel.memet@soros.org.mk ; телефон: 02/ 2 44 44 88 лок. 107