Конкурси
пронајди

RHSP Конкурс за медицински стипендии за Роми за академска/учебна 2013/2014 година

RHSP објавува конкурс за стипендирање на студенти и средношколци Роми кои во академската 2012/13 година биле стипендисти на RHSP програмата и кои студираат или учат на медицински универзитети или средни медицински училишта. RHSP конкурсот е објавен во Бугарија, Македонија и Србија.

КРИТЕРИУМИ
Кандидатите треба:
• Да се Роми;
• Јавно да се декларираат како Роми;
• Да се корисници на RHSP стипендија (за академската 2012-2013 година), и да аплицираат со цел да ја обноват нивната апликација за академската 2013/2014 година;
• Да испратат целосно пополнета електронска (оn line) апликација согласно програмските рокови;  
• Во склоп на електронската апликација, да пополнат изјава за намена (писмо за мотивација) во која ќе бидат опфатени академските достигнувања, цели, посветеност и мотивација за одреденото ниво на студии;   
• Во склоп на електронската апликација, да напишат есеј кој ќе се базира на прашањата наведени на електронската апликација;
• Да обезбедат официјално уверение за положени испити со оценки од сите завршени академски години како и за последниот завршен семестар септември – декември 2012 година или доколку кандидатите се средношколци, сведителство од предходната година и евидентел лист од полугодие 2013. Кандидатите кои допрва ќе се запишат на факултет, ќе треба да обезбедат заверено сведетелство од последната учебна година, од тековната година. Тековните студенти ќе треба да исполнат услов, од 75% положени испити од претходните академски години;
• Во склоп на електронската апликација, да прикачат детална, информативна и релевантна Препорака (барем една), опишувајќи ги академските перформанси на кандидатот, неговата/нејзината инволвираност во екстра-курикуларни активности, поврзано со Роми и/или со не-Роми;
• Да обезбедат документ (во втората фаза од аплицирањето) со кој ќе потврди дека е примен/а на универзитетски студии во матичната земја т.е оригинал потврда за упис на универзитет, за академската година за која кандидатот се пријавува за стипендија.

RHSP НИВО НА ПОДДРШКА
Во рамките на RHSP, РЕФ може да поддржи еден ист кандидат/ка во текот на неговите/нејзините студии на следниве нивоа:
• средо образование за максимум 4 години;
• едни додипломски студии, за максимум 5/6 години (доколку моделот на студирање дозволува), со можност за само еден трансфер/промена на друг универзитет/факултет/ со иста насока на студии;
• едни последипломски студии, во траење од максимум 1 година (доколку додипломските студии се во траење од 4 години) или 2 години (доколку додипломските студии се во траење од 3 години), според ЕКТС - Европски кредит трансфер систем;
• едни докторски студии, за максимум 3 години

ФАЗИ И РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Со цел, да бидете дел од програмата за стипендирање во академската 2013-2014 година, ќе треба да се придржувате до првата фаза/рок – навремено испраќање на апликацијата, и втората фаза/рок – навремено испраќање на потврда за редовен студент, доколку плаќате партиципација ќе треба да испратите и потврда за висина на партиципација, како што е наведено подолу:

Прва фаза/рок – Испраќање на апликација    
Рок: 31 МАЈ  2013

Втора фаза/рок – Испраќање на официјална потврда за редовен студент/ученик
Рок: 15 ОКТОМВРИ  2013

Официјалните потврда за редовен студент и потврда за висина на партиципација (доколку има) – треба да бидат скенирани и прикачени на електронската (on line) апликација.

Важно!
Строго се препорачува кандидатите, внимателно да го прочитаат РХСП упатството достапно на Македонски јазик: http://www.romaeducationfund.hu/rhsp-upatsvo-za-aplitsira-e

РЕФ/Програмата за стипендирање во Македонија се спроведува од страна на Фондација Отворено општество-Македонија (ФООМ).

За подетални информации за програмата можете да се обратитe на националниот координатор: Ајсел Мемет; e-mail: ajsel.memet@soros.org.mk ; телефон: 02/ 2 44 44 88 лок. 107