Конкурси
пронајди

Конкурс за мали грантови и промоција на прирачник

priracnikПо повод 26-ти Јуни, одбележувањето на Интернационалниот ден за поддршка на жртвите на тортура во здравствена заштита, програмата Јавно здравство на Фондација Отворено општество - Њујорк, го претстави новиот прирачник, „20 механизми за справување со тортура во здравствената заштита“ и воедно објавува конкурс за мали грантови.

Прирачникот опишува 20 механизми за справувањето со тортура од правниот систем за човекови права при Обединетите Нации, како и од африканскиот, европскиот и интерамериканскиот ситем на права. Во истиот се прикажани илустративни примери за секој од механизмите, прецизирајќи ги процедурите и можностите за нивната примена. Конкурсот пак, е наменет за активисти и невладини организации, кои се залагаат против злоупотребата на човековите права, користејќи ги алатките пропишани во прирачникот за борба против насилството во здравстевната заштита.

Пред 14 години, поранешениот Генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, за прв пат во историјата одбележи Интернационален ден за поддршка на жртвите на тортура во здравствената заштита.

Здравствените институции треба да претставуваат храм каде што ќе се негуваат човековите права, место каде што пациентите ќе се чувствуваат сигурно и безбедно. Но, под маската на здравствена заштита, здравствените установи често служат како места за казна, принуда и прекршување на основните човекови права, преку тортура или сурово, нечовечно и понижувачко постапување. Тортура во здравството несразмерно влијае на лицата кои се стигматизирани и социјално маргинализирани, поточно, лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, корисници на дроги, лица со интелектуална и телесна попреченост, како и сите оние кои подлежат на етничка, родова, полова, возрасна и сексуална дискриминација.

Прирачникот и објавата за конкурс, подетални и достапни на http://www.soros.org/voices/day-support-victims-torture-health-care

Краен рок за поднесување на апликациите за мали грантови е 1-ви Септември 2012.