Конкурси
пронајди

Објава за набавка на нагледни средства и училишни материјали

usaidfosm






Објавa број: FOSM/121104 UM
Финансирање: Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) како сопствено учество во проект финасиран од УСАИД
Нарачател: Фондација Отворено општество - Македонија (ФООМ) за проектот „Програма за образование на Роми“ - УСАИД

Опис на набавката
Предмет на оваа објава е набавка и испорака на нагледни средства и училишни материјали - даден во три целини односно три посебни договори.

Број и име на целините
Целина 1: Училишни нагледни средства
Целина 2: Училишни материјали
Целина 3: Нагледни средства за Физичко образование

Подобност и правила на потекло - Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Македонија и од странство.

Сите прашања во врска со објавата треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат по електронска пошта на: vpetrus@soros.org.mk (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 3 дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди. ФООМ ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 дена пред истиот рок.

Краен рок за поднесување на понудите - Заинтересираните понудувачи своите понуди треба да ги достават во затворен и запечатен коверт, со напомена “Понуда бр. FOSM/121104 UM“, на рака или по курирска пошта на адреса на ФООМ. За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите e 19. 11. 2012 год (понеделник) до 13 часот. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

Јавно отвoрање на понудите нема да има.