поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

Оглас за ко-модератори во општините Карпош и Липково



Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).

Во периодот јуни 2012 – декември 2013, Форумскиот процес во општините Струга, Дебарца и Могила ќе го спроведува Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ).

За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраење од 6 месеци (септември 2012 – јануари 2013 и октомври 2013), по 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 6-10 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Крајниот рок за пријавување е 10.08.2012