Конкурси
пронајди

Конкурс за избор на ментори на средношколци и студенти Роми кои учат/студираат на медицински училишта/факултети во учебната 2012/13 година

Програма за медицински стипендии за Роми
Компонента менторство

Во рамките на Програмата за јавно здравство, во 2012 година Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ), продолжува со реализација на Програма за медицински стипендии за Роми. Програмата содржи 4 компоненти: финансиска поддршка (стипендија), менторство, обука за застапување и медиумска компонента. Финансиската поддршка за програмата ја обезбедуваат Ромскиот образовен фонд од Будимпешта и Фондацијата отворено општество/Програма за здравје на Ромите, Будимпешта. Партнерска организација за реализација и координација на проектот во Македонија е Фондацијата отворено општество Македонија.

Краток опис:

Компонентата менторство на Програмата за медицински стипендии за Роми предвидува менторска помош за средношколци и студенти – Роми, запишани во учебната 2012/13 кои ќе добијат стипендија во рамки на Програмата за медицински стипендии. Менторската помош има за цел да обезбеди дополнителна образовна поддршка за постигнување повисок среден успех на стипендираните средношколци/студенти, полесно совладување на предвидените наставни програми и содржини, полесен пристап до информации и аплицирање на академски настани (конгреси, семинари, натпревари и сл.) се со цел успешно завршување на нивните студии/настава. Потенцијалните ментори ќе имаат обврска да присуствуваат на летен камп заедно со кандидатите за стипендисти на програмата кој ќе се одржи во текот на август и ќе трае меѓу 7 – 9 дена.

Присутвото на летниот камп е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!

На конкурсот за ментори може да се пријават сите заинтересирани предметни наставници од државните средни медицински училишта и универзитетски професори и асистенти од медицинските факултети во РМ кои се акредитирани од страна на МОН. Се предвидува еден ментор да работи со најмногу тројца стипендисти. Менторскиот ангажман се однесува за учебната 2012/13 година.

Напомена: На конкурсот ќе бидат селектирани само наставници/професори од училиштата/факултетите каде Програмата ќе има свои стипендисти. Конечната листа на стипендисти ќе биде позната во текот на месец октомври.

Претходно менторско искуство ќе се смета за дополнителна предност при селекцијата на кандидатите.

Описот на задачите и обврските на селектираните ментори ќе биде поблиску определени со договорот за регулирање на менторскиот ангажман со ФООМ.

Кандидатите кои ќе бидат избрани за ментори ќе бидат писмено известени.

Потребна документација за пријавување:
Пријава за ментори
• Работна биографија (CV);
• Писмо за мотивација (кандидатите на максимум една страница треба да ги образложат своите причини/мотиви за пријавување за ментор).

Некомплетни и ненавремено доставени пријави нема да се разгледуваат.

Краен рок за пријавување е 29 јуни (петок), 2012 година

Комплетната документација треба да се достави во назначениот рок исклучиво по препорачана пошта, на адреса на ФОО-Македонија: бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје, За сите дополнителни информации Ве молиме да се обратите на тел: 02 2 477 107, секој работен ден во периодот од 09.00 – 15.00 ч.

Лица за контакт: Ајсел Мемет и Дарко Божиновски – Програма за медицински стипендии за Роми.