Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општина по мерка на граѓаните
пронајди

ОТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ НА ЗАЕДНИЦАТА ВО СТРУГА И ЈАВНИ РАСПРАВИ ПО НАЦРТ-ЛОКАЛНИ СТРАТЕГИИ НА ОПШТИНА СТРУГА

На 30 октомври 2014 година (четврток), со почеток во 10 часот, ќе се одржи свечено отворање на Центарот на заедницата на општина Струга, со локација на ул. Владо Малески бб (во зградата на Министерство за одбрана). Центарот на заедницата ќе обезбеди административна помош за граѓаните, неформално образование за младите и  возрасните и поддршка за младинските, граѓанските и за културните иницијативи. На отворањето свое обраќање ќе имаат претставник од општина Струга и од Фондацијата Отворено општество - Македонија. 

По отворањето на Центарот на заедницата, на 30 октомври 2014 (четврток) со почеток во 11 часот и на 31 октомври 2014 (петок) со почеток во 10 часот, во салата Пијано во хотелот Дрим, ќе се одржат јавни расправи по четири Нацрт-локални стратегии на општина Струга и тоа за образование, млади, соработка со граѓанските организации и за социјална заштита. На овие расправи ќе бидат презентирани нацрт-локалните стратегии, процесот на нивната изработка, визиите и стратешките приоритети како и мерките за нивно постигнување. Целта на овие расправи е да се поттикне отворена дискусија и да се овозможи учество на граѓаните и сите заинтересирани страни во процесот на креирање на локалните стратегии на општина Струга.

Изработката на локалните стратегии и формирањето на Центарот на заедницата на општина Струга се дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“ кој партнерски го спроведуваат општина Струга и Фондацијата отворено општество - Македонија. 


поврзани новости

нема поврзани новости