Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

ПРОМОВИРАНА „ПРАВИЛА ЗА РАДИКАЛИТЕ“ ОД АЛИНСКИ





Фондацијата Отворено општество - Македонија, на 14 октомври 2014 година, во ГЕМ клубот, ja промовираше книгата „Правила за радикалите: Практичен вовед за реалистичните радикали“ од Соул Д. Алински.  Делото кое сега доби македонски превод, е страстен совет на Алински за младите радикали, за тоа како да предизвикаат конструктивна општествена промена и да ја увидат разликата меѓу тоа да се биде реалистичен радикал и да се биде реторичен радикал.
Промоцијата проследена со дебата ја отвори Анета Маркоска - Чубриновска, професор на Универзитетот Кентербери, Нов Зеланд. За своето читање на Алински проговорија гостите-промотори Артан Садику, програмски директор на Институтот за општествени и хуманистички науки - Скопје, и Жарко Трајаноски, активист за човекови права. 

Анета Маркоска - Чубриновска истакна дека книгата и авторот се извонредно значајни за граѓанското организирање и активизам. „Правила за радикалите“ ја споредуваат со значајни дела како „Владетелот“ и Комунистичкиот манифест.

- „Владетелот“ на Макијавели е напишан за оние што ја имаат власта и богатството, како прирачник за тоа како да ја одржат власта. Алински ја пишува оваа книга за оние другите - безимотните, како што ги нарекува, луѓето кои немаат моќ, кои немаат власт, како поука како да земат дел од таа моќ, или како да им ја одземат моќта на имотните, рече Маркоска - Чубриновска.

Жарко Трајаноски, потсети дека и четири децении по неговата смрт, Алински сè уште претставува контроверзија и во левицата и во десницата во целиот свет. Ова особено важи за САД, каде и едните и другите ја користат оваа книга како тактичко оружје. 

- Ги обвинуваат Обама и Хилари Клинтон дека израснале и се конституирале како политичари според правилата на Алински, истакна Жарко Трајаноски. 

Според Трајаноски, oд Алински не можеме да правиме догма. Она што може да го сториме е да ги поставиме истите прашања што ги поставувал Алински, затоа што според него добриот организатор е оној што ги поставува вистинските прашања. Додека како тактичар, неговата вредност се состои во најелементарното дефинирање на тактитката. Тој вели дека „тактика значи да се направи она што може да се направи со она што се има“. Да комуницира со луѓето, со оние кои сака да ги организира, и токму во јазикот на неговата комуникација е неговата вредност како организатор. 

Артан Садику се задржа на делот од книгата во кој се разработува односот на средствата и целите.

- Алински вели дека не можеме да имаме секогаш готови релевантни и сеопфатни тврдења и рецепти, туку мора да се прашуваме дали оваа конкретна цел одговара на овие методи што ги преземаме и тука јасно се гледа неговиот реалистичен и прагматичен пристап. Ние мора да работиме со условите кои ги имаме, кои постојат, и мора да ги гледаме светот и луѓето на начинот на кој живеат денес и од тука да ги градиме малите чекори, а не да ги гледаме луѓето од перспектива што тие патат или што тие можат да бидат бидејќи тоа ни го затвора просторот за политичко и ефективно делување, рече Садику.