Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

„НАМЕТНАТ УСТАВ“ - ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ-АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ НА РМ





Фондацијата Отворено општество Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЛГБТИ Центарот за поддршка, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и Македонскиот центар за европско образование, на 17 септември 2014 година, одржаа јавна расправа по Нацрт-амандманите на Уставот на РМ вo ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија.

Јавната расправа „Наметнат Устав“ беше посветена на трите области кои се опфатени во предложените Нацрт-амандмани, и поделена во три дела: Судски систем и уставната жалба – ефикасен механизам за заштита на човековите права или дополнително успорување на патот до правдата?; Уставот и јавните финансии – зошто Владата посегна по уставно бетонирање на долговите и исцртување на слободна финансиска територија?; и „Не во мое име!“ како расправа по Нацрт-амандманот XXXIII кој предвидува уставно редефинирање на бракот како заедница исклучиво само меѓу еден маж и една жена.

Во првиот дел од расправата, професорот Светомир Шкариќ говореше дека Владата предлага нови уставни термини и категории, кои се противречни со преамбулата и со темелните вредности на уставниот поредок. Поради тоа седумте амандмани може да се сметаат за контра устав или за наметнат устав. Тоа особено важи за амандманот кој овозможува формирање финансиска зона, надвор од меѓународното и уставното право. Тој додаде дека таквиот амандман има разорно дејство врз македонскиот државен идентитет, тука вклучувајќи ги и придобивките од АСНОМ. А воедно и дека ќе нанесе удар врз целокупниот правосуден систем. Тоа, според Шкариќ, ќе биде најголемата пречка за зачленување на Македонија во ЕУ. 

Судијката на Уставниот суд во БиХ, Маргарита Цаца Николовска, говорејќи за предложените измени во судскиот систем и уставната жалба, нагласи дека сите промени на Судскиот совет нема да резултираат со самостојност на судската власт, а причина за тоа е дека самите членови во советот се зависни. Новите измени со кои се предвидува зголемување на Судскиот совет од осум на десет судии и воведување на уставна жалба, нема да донесат ништо ново.

Во делот од расправата посветен на Уставот и јавните финансии, поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев, говореше дека последното менување на дефиницијата на јавниот долг се граничи со насилство. Според него, беспредметно е да се говори за ниво на јавен долг ако нема одговори на прашања со колкаво јавно богатство располага Македонија. Професорот Абдулменаф Беџети и економскиот аналитичар Кире Наумов се задржаа на опасноста од екстериторијалност од воведувањето на слободната финансиска зона, која не само што нема да ѝ донесе ништо добро на државата, туку ќе овозможи внесување нечист капитал во Македонија.

Модераторка на третиот дел од расправата беше Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права која говореше дека вака формулираниот брак и изнесените аргументи отвораат две дилеми. Прво, ако намерата на овој Нацрт-амандман е да го заштити бракот, зошто тогаш истовремено, ја штити и вонбрачната заедница. Второто прашање е зошто предлагачот воопшто се повикува на религиски вредности, имајќи ја во предвид секуларноста на државата? 

Според Ирена Цветковиќ од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, Нацрт-амандманот треба да се гледа во контекст на последниот дел од серијата удари против ЛГБТИ заедницата и дека таквиот говор на омраза, нужно предизвикува и насилство кое трае долг период. Доказ за тоа е фактот дека активистите кои се бават со човековите права на ЛГБТИ луѓето долг перод живееа и работеа под директен ризик од физичко насилство.

Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка, истакна дека ова е резултат на континуиран напад врз нашето општество и Уставот, при што се форсира вредносен систем силно заснован на традиција и религија, што е спротивно на принципот на секуларноста, а со тоа и на Уставот.

Славчо Димитров од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, истакна дека демократијата во себе подразбира отвореност кон идните реални потреби на заедницата. Овој став на затвореност и идни промени, во суштина е недемократски и не е важно дали овој Нацрт-амандман можеби се користи како алатка за одвлекување на вниманието на јавноста од посуштински прашања, туку дека последиците од ваквиот пристап веќе се чуствуваат кај ЛГБТИ заедницата и во целото општество.

Клучни зборови

| граѓанско општество