Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Проект на УСАИД за граѓанско општество
пронајди

Промовиран зборникот „Збор и слобода“





Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), на 22 јули 2014 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 12 часот, оддржа дебата по повод промоцијата на зборникот „Збор и слобода“ подготвен од Институтот за општествени и хуманистички науки - Скопје во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија.

Зборникот е финален продукт на шестмесечниот проект „Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество“, реализиран во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество имплементиран од ФООМ, а кој имаше за цел да отвори широка општествена дебата за важноста на медиумската слобода за општиот прогрес на граѓаните, како и вмрежување на граѓански организации кои ќе придонесат кон зајакнување на новинарската слобода и јакнење на демократијата. „Збор и слобода“ е сочинет од серија текстови на повеќе новинари и граѓански активисти за состојбата со медиумите и граѓанското општество во Македонија. Тој претставува обид за зачувување и проширување на полето на желбата на граѓанинот за демократија, поставувајќи го прашањето за тоа како нашето општество да ги искористи потенцијалите за градење на алијанси помеѓу новинарите и граѓанските активисти за слободно изразување и информирање. 

Дебатата ја модерираше Артан Садику, програмски директор на Институтот за општествени и хуманистички науки - Скопје, а гости-говорници беа Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија, Мери Јордановска, новинарка во „Фокус“ и Васко Лазаревски, граѓански активист.

Присутните новинари, активисти и експерти за медиуми, на дебатата по повод промоцијата на зборникот, разговараа за тоа дека не постои земја во Европа каде Владата промовира идеи во медиумите како што е случај во Македонија и за тоа дека владините реклами се главен механизам за замолчување на медиумите.

Новинарката Мери Јордановска смета дека е садистички тоа што намерно се оставаат неколку критички медиуми полека да умираат финансиски истоштени.

- По А1 телевизија, сфатија дека тој метод не оди и дека не функционира - влези, затвори го медиумот. Па така, сè почна со принципот на давање реклами. Мислам дека прв пат во светот се случува одговорот на прашањето каде се одлеваат пари од буџетот да се третира како интерна информација за која е потребен безбедносен сетификат. Тоа се случи кога прашавме во кои медиуми одеше кампањата за семејни вредности, а штом нешто толку се крие раѓа сомнеж за корупција. Тоа ќе трае сè додека не се забранат владините реклами да одат на медиумите, рече Јордановска.

Тамара Чаусидис, претседателката на новинарскиот синдикат, пак рече дека економско-социјалниот статус на новинарите е она за кое треба да постои борба, дека токму тој е начинот на кој новинарите се држат деградирани.

- Условите за работа се методот број 1 за замолчување на новинарите, истакна Чаусидис.

Граѓанскиот активист Васко Лазаревски смета дека власта намерно остава дел од медиумите за да се создаде привид дека има слобода на изразување. Според него, новинарите што работат на тоа да се слушне гласот на вистината, се веќе активисти за слободата на изразувањето, свесно или несвесно.

Во зборникот „Збор и слобода“ се поместени текстови на Ѕвездан Георгиевски, Уранија Пировска, Бесим Небиу, Владо Апостолов, Џелал Хоџиќ, Рамадан Рамадани, Тамара Чаусидис, Артан Садику, Јасминка Аневска, Васко Лазаревски, Драган Антоновски и Јордан Шишовски.

Клучни зборови

| усаид