Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Интеграција на Ромите
пронајди

Завршен настан на Програмата за образование на Ромите

„Десет години подоцна: промените зад бројките“






На 22 мај 2014 година, во хотелот Александар палас во Скопје, Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) го одржа завршниот настан на Програмата за образование на Ромите (ПОР), финансирана од УСАИД и ФООМ. Десетгодишната програма поддржа над 3.000 деца и млади Роми (средношколци и студенти) на сите нивоа на образование (од предучилишно до универзитет) и значително ги подобри нивните стапки на запишување, проодност и завршување. Настанот се фокусираше на постигнувањата на програмата и оддаде признанија за напорите и вклученоста на партнерите и на сите чинители во програмата. Неколкуте говорници како и кусото видео со сведоштва на корисниците се осврнаа на влијанието на програмата врз нивните животи.

Во своето обраќање до програмските корисници, Амбасадорот на САД Пол Волерс рече: „Како наставници, правници и адвокати, социјални работници, доктори и активисти за човекови права, вие сте примерот за другите, вие придонесувате за економскиот развој на Македонија и сте жив доказ дека циклусот на сиромаштија и исклученост може да биде прекинат.“ Тој, исто така, истакна: „Иако програмата официјално завршува, долгорочната цел за целосна интеграција на Ромите  во оваа држава сè уште останува. Успехот на оваа програма обезбеди основа за натамошна работа во исполнувањето на оваа цел.“ 

Програмата за образование на Ромите работеше со преку 1.000 ромски родители и дел од нив сега активно учествуваат во активностите на училиштата и се дел од Советите на родители и Училишните одбори. Преку 450 наставници од седум основни училишта од Скопје, Куманово и Прилеп добија обука за интерактивни наставни методи, социјална правда и развојни училишни планови. Во своите искази, многу наставници потврдуваат дека овие обуки се заслужни за намалените предрасуди во училиштата. Секојдневната дополнителна образовна поддршка за предучилишните деца и основците опфатени со програмата, како и стипендиите, менторската и дополнителната академска поддршка за средношколците придонесоа за 20% повисока стапка на завршување кај опфатените основци и средношколци, а 97 студенти се здобија со универзитетска диплома. 

Министерството за образование и наука сега обезбедува стипендии и менторска помош за средношколците Роми низ државата.

Клучни зборови

| образование | роми