Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Интеграција на Ромите
пронајди

ЈАВНА ДЕБАТА „ИМУНИЗАЦИЈА И ПРЕВЕНТИВНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ДЕЦАТА РОМИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со граѓанските организации Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во РМ – ЕСЕ, НВО КХАМ, Центар за демократски развој и иницијативи – ЦДРИМ и Здружение на просветни работници и заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ, на 24 април 2014 година, во просториите на Мала станица во Скопје, одржаа јавна дебата на тема „Имунизација и превентивни здравствени услуги за децата Роми во Република Македонија“.


На јавната дебата здруженијата ги презентираа наодите од спроведеното истражување во ромските заедници во општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Сарај, Карпош, Делчево, Виница и Пехчево. Истражувањето е спроведено во однос на опфатот на децата Роми (од предучилишна и училишна возраст) со вакцинација и превентивни здравствени услуги вклучувајќи патронажни посети и здравствена едукација предвидени во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата. Присутните, претставници од заедницата и од јавните здравствени установи (Центар за јавно здравје – Скопје и Кочани, Завод за здравствена заштита на мајки и деца – Скопје, Здравствен дом – Пехчево, Здравствен дом – Виница и други), дискутираа и ги потврдија споделените наоди и предлог мерки за унапредување на состојбите.


Воедно беа презентирани и резултати од анализата на буџетската реализација на програмата за превентивна заштита на мајките и децата, од каде произлегоа следните заклучоци:

  • Буџетот за превентивна здравствена заштита на мајките и децата и превентивна здравствена заштита на мајките и децата од ромските заедници, во периодот од 2011 до 2014 година, не е прогресивен и не одговара на постоечката буџетска политика;
  • Буџетот на Програмата за превентивна здравствена заштита на мајките и децата, во периодот од 2011 до 2014 година е изменет вкупно 5 пати или во просек 2 пати во текот на една календарска година;
  • Средствата за превентивна здравствена заштита на мајките и децата не се трошат во целост во текот на календарската година за која се наменети, што не соодветствува со генералната расходна политика на Владата на РМ и Министерството за здравство;
  • Министерството за здравство своите обврски кон извршителите на активностите за превентивна здравствена заштита на мајките и децата ги подмирува со доцнење од 8 месеци; и
  • Министерството за здравство и Владата на РМ во периодт од 2011 до 2014 година во континуитет го намалува обемот на активности и средства наменети за превентивна здравствена заштита на мајките и децата од ромските заедници.

Во соработка со Радио МОФ беше направено и документарно видео за проблемите со кои се соочуваат Ромите во пристапот до здравствената зашита, кое можете да го погледнете тука: http://www.youtube.com/watch?v=C2gv5FdnnBs.

Клучните наоди и сфери на загриженост, предлог мерките за надминување на истите, како и методологијата на работа можете да ги најдете во публикацијата „Опфат на децата Роми со вакцинацијата и превентивни здравствени услуги: состојба, проблеми и решенија“ достапна на: http://fosm.mk/mk/Home/Publication?newsID=829&catID=10.

поврзани новости

нема поврзани новости