Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

Дебата „За политичките транзиции“ со професорката Сузан Вудворд од САД



На 22 април (вторник) во 18 часот во ГЕМ клубот, Фондацијата Отворено општество -  Македонија ќе одржи дебата со наслов „За политичките транзиции“ на која гостинка ќе биде проф. д-р Сузан Вудворд од САД.
 
Професорката која во текот на својата богата кариера предавала на повеќе престижни универзитети, во Скопје ќе говори за политичките транзиции и тоа: во академските истражувања и на дебатите околу нив, во сферата на билатералната и мултилатералната помош и дебатите околу нив, како и што тие значат за луѓето што живеат во земјите „во транзиција“. 

Сузан Вудворд е професорка по политички науки на Градскиот универзитет на Њујорк/City University New York (CUNY). Таа е експерт за Балканот, за постсоцијалистички транзиции, за меѓународни интервенции во граѓанските војни и за постконфликтна реконструкција. Има работено како Виш научен соработник во Центарот за мировни студии на Кралскиот колеџ во Лондон. Од 1990 до 1999, била Виш научен соработник на Брукингскиот институт во Вашингтон, а има предавано и на универзитетот „Џорџтаун“, универзитетот „Џорџ Вашингтон“, Школата за меѓународни студии „Џонс Хопкинс“ и на престижниот универзитет „Јејл“. Во 1994 година, била Координатор на единицата за анализа и оценувања во канцеларијата на Специјалниот претставник на Генералниот секретар на Силите за заштита на ОН (УНПРОФОР) во Загреб, а во 1998 година била Специјален претставник на Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина за време на изборниот период. 

Авторка е на книгите „Балканска трагедија: Хаосот и распаѓањето по студената војна“ и „Социјалистичка невработеност: Политичката економија на Југославија, 1945-1990“.

Модератор на настанот ќе биде Бојан Маричиќ, извршен директор на Македонскиот центар за европско образование, а ќе биде овозможен и пренос во живо на vozivo.mk.

поврзани новости

нема поврзани новости