Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

Дубравка Угрешиќ гостинка на дебатата „Надвор од нацијата: книжевноста помеѓу траумата и слободата“



Фондација Отворено општество - Македонија на 5 април 2014 година (сабота) со почеток во 12 часот во ГЕМ клубот, ќе одржи дебата на тема „Надвор од нацијата: книжевноста помеѓу траумата и слободата“ на која гостинка ќе биде еминентната хрватска авторка Дубравка Угрешиќ.

Дубравка Угрешиќ е една од највлијателните и најзначајни авторки во Европа, а за нејзиното исклучително реноме сведочат бројните награди кои ги има добивано за своите романи и есеи. 

Со своите романи („Музеј на безусловното предавање“, „Министерство на болката“, „Баба Јага снесе јајце“) и есеистички книги (од „Култура на лагата“ па сè до последната „Европа во сепија“), Угрешиќ останува во врвот на европската литература, задржувајќи го вниманието на публиката како брилијантна критичарка на посттоталитарните општества. Таа е луцидна и субверзивна авторка која, слично на Набоков, потврдува дека способноста да се памети е начин да се спаси нашиот морален идентитет. Слично на другите големи автори на егзилот во 20. и во 21. век, нејзините рефлексии и перцепции за културата и културната меморија се некои од најоригиналните што воопшто можат да се прочитаат.

Во 80-тите години, Угрешиќ беше носителка на феминистичкиот бран на просторите на поранешна Југославија, а нејзината хероина Штефица Цвек од книгата „Штефица Цвек во вилиците на животот“ стана своевидна културна икона. Поради цврстиот антивоен и антинационалистички став кој го зазема во 1991 година, на почетокот на војната во поранешна Југославија, авторката беше „осудена“ од хрватските медиуми и јавни личности. Агресивниот линч врз нејзиниот лик и дело ја принудуваат да ја напушти сопствената татковина и да замине за Амстердам каде што живее и денес. Нејзиниот удел во модерната европска литература е огромен и важи за една од најдобрите, но и најпремолчуваните хрватски писателки.

Во рамки на дебатата во Скопје ќе бидат опфатени повеќе теми кои таа ги разработува во своите есеи напишани во последните седум години. Тука секако спаѓаат темите за уметникот во тоталитарните култури, родовите и националните идентитети, „малите“ и „големите“ книжевности, насилството на „нацијата“, исчезнувањето на концептот на „авторот“ итн.

Домаќин на дебатата ќе биде Маја Бојаџиевска, универзитетска професорка и претседателка на Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество – Македонија, а за истата ќе биде овозможен и пренос во живо на vozivo.mk.

поврзани новости

нема поврзани новости