Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

Дебата „Спомениците и политиката: Дали „Скопје 2014“ е културен или политички проект?“

„Скопје 2014“ е директен политички проект заснован на лажна идеја




Фондацијата Отворено општество - Македонија и Окно на 28 февруари во ГЕМ клубот ја организираа дебата на тема „Спомениците и политиката: Дали „Скопје 2014“ е културен или политички проект?“. Главен говорник на настанот беше хрватскиот историчар на уметност, поет и есеист Звонко Маковиќ кој е редовен професор на отсекот за Историја на уметност при Филозофскиот факултет во Загреб и член-соработник на Хрватската академија на науките и уметностите. Тој истакна дека не може да препознае никаква уметничка вредност во „Скопје 2014“ туку дека се работи за директен политички проект заснован на лажна идеја. 

- Скопје не може да се спореди со ниту еден жив град од 21 век од едноставна причина што она што е создадено како последица на проектот „Скопје 2014“ го нема никаде, од Тајван до Кореја и Јужна Америка. Но може да се спореди со еден град од минатото, а тоа е Берлин во 30-тите години - посочи Маковиќ. 

Тој се осврна на поедини детали од проектот меѓу кои и поставувањето на галии во реката Вардар велејќи: „Да се прави галија од бетон е нешто што не е ни лудо туку хипер лудо?“. Маковиќ опседнатоста со барокот во „Скопје 2014“ ја нарече нелогична особено затоа што тој никогаш не бил близок со нашата религија. 

Хрватскиот интелектуалец се осврна кон узурпацијата на јавниот простор, грстот скулптури поставени на мало растојание кои не се дел од една приказна, префасадирање на објекти и други поединости од проектот. Тој смета дека сето тоа е последици на еден засилен национализам од кој некој сигурно се збогатува. 

Маковиќ и е познат на јавноста по жестоките критики во врска со контрадикторното поставување на бистите на Људевит Гај и Мајка Тереза во центарот на Загреб чиј автор е македонскиот скулптор Томе Серафимовски. Тој тогаш реагираше околу критериумите според кои се бираат авторите на овие споменици, односно дали овие дела ги оценуваат историчари на уметност и урбанисти, или сè е одлука на самоволните градски и партиски татковци.

Клучни зборови

| граѓанско општество