Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Проект на УСАИД за граѓанско општество
пронајди

Промоција на анализа и дебата

Предавници, платеници и сендвич демонстранти




Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Отворено општество Македонија, на 13-ти февруари, го промовираа јавниот документ „Предавници, платеници и сендвич демонстранти: Граѓанскиот активизам во македонскиот јавен дискурс“, кој го обработува проблемот на граѓанските иницијативи и нивното учество и влијание во македонското општество.

„Документот ги анализира односите внатре, во граѓанското општество, и делбата на вистински и салонски активисти.  Ги анализира односите меѓу граѓанското општество и партиите, особено меѓу владејачката партија и граѓанското општество, и се обидува да ја претстави медиумската слика за граѓанските иницијативи“, истакна Бојан Маричиќ, извршен директор наМЦЕО, додавајќи дека истражувањето допира до суштината на политичката култура во Македонија. 

Авторот на документот, Димитар Николовски,  зборуваше за феноменот на контрапротестите кои според него имаат за цел да го сузбиваат развојот на автентичноста на граѓанскиот активизам, а тоа го прават пред сѐ, преку разни форми на  етикетирање. Како дел од препораките што се насочени кон граѓанското општество, а кои се содржани во документот, Николовски ја истакна потребата од директно пристапување и контактирање со граѓаните, потребата од користење разновидни форми на протест ( на пример, хумор и сатира), како и јасност во каузата и отчетност во методите на дејствување.

Според професорот Петар Атанасов, неуспехот на автентичните граѓански иницијативи и движења, лежи во немањето колективна свест: „Многу луѓе се загубија во време на транзицијата и не веруваат дека можат нешто да променат. Од друга страна, пак, идентификувањето на вистинските демократски вредности имаат само оние кои се со високо образование“. Според Атанасов, поразително е тоа што досега не се создала широка мрежа од невладини организации кои заеднички би дејствувале против сите лоши политики на власта. 

Џељо Хоџиќ, од граѓанската иницијатива „АМАН“, оцени дека партиите прават се за да ја избришат разликата меѓу „политичкото“ и „партиското“, па оттаму, во Македонија,  соработката партиите со невладините организации претставува „бауч“. Од друга страна,  Хоџиќ спета дека контрапротестите кои се директно поддржани од владините институции имаат за цел да внесат дополнителен страв кон малкумината кои собрале храброст да излезат и да протестираат.

Граѓанскиот активист Кире Василев смета дека на Македонија и се случува деполитизација на општеството: „Денес младите веќе не зборуваат за секс, туку зборуваат за она што им го пласираат медиумите. И кога имате таква конзервативна младина која не зборува за секс, тогаш не можете да очекувате да зборуваат за револуција“. Василев констатира дека се потребни повеќе дебати за да се создаде нов јазик преку кој ќе може да се оствари плодна соработка и да се предизвикаат промени во општеството.

Клучни зборови

| промоција | анализа