Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Интеграција на Ромите
пронајди

Презентиран завршниот Извештај од надворешната евалуација на Проектот за образование на Роми




На 5 февруари, на Скопски саем, беше презентиран завршниот Извештај од надворешната евалуација на десетгодишниот Проект за образование на Роми (ПОР) на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) поддржан од УСАИД и ФООМ. Наодите од евалуацијата го нагласуваат позитивното влијание на Проектот врз ромската заедница и ги потврдуваат променетите ставови на наставниците, ромските ученици и нивните родители. Постигнувањата на ромските ученици и обуките на наставниците помогнаа во голема мера за намалување на предрасудите коишто претходно постоеја во проектните училишта.

„Голем број корисници на Проектот кои се здобија со универзитетски дипломи денес работат во локални и меѓународни организации, јавни и приватни претпријатија и во јавната администрација, каде придонесуваат за растот и развојот на Македонија. Тие се на позиции од кои можат да се застапуваат за инклузија на Ромите и да ги насочуваат политиките што ги засегаат Ромите“,рече Директорот на канцеларијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн. Тој додаде: „Ова е еден од највредните резултати на Проектот.“ 

Од почетокот на проектните активности во 2004 година, ПОР поддржа повеќе од 2.000 ученици Роми од предучилишно до високо образование, ги подобри нивните образовни резултати и ја зголеми национална стапка на завршување средно и високо образование кај Ромите. Со поддршка од проектот, 298 ученици Роми завршија средно образование, а 92 Роми добија универзитетски дипломи. Активностите на Проектот станаа модел за инклузија на маргинализираните заедници во образованието ширум Македонија.

Клучни зборови

| образование | роми