Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

Промовирана книгата „Македонското прашање од 1944 до денес“

Книгата на Маринов отвара нова насока во македонско-бугарските односи




Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), на 31 јануари, ја промовираше книгата на бугарскиот историчар Чавдар Маринов, „Македонското прашање од 1944 до денес“. Оваа е книга е научно дело, посветено на бугарската политика спрема македонското прашање, од времето на комунистичкиот период, па сè до денешните актуелни настани.

За академикот Иван Катарџиев, преведот на книгата е особено важен бидејќи веќе долги години нема дело на бугарски историчар објавено на македонски јазик. Оттаму, трудот на Маринов претставува позитивен преседан во односите меѓу Македонија и Бугарија. Осврнувајќи се на македонскиот идентитет и бугарските позиции, Катарџиев истакна дека македонскиот национален и културен идентитет е последица на тежок и долготраен историски процес на самиот македонски народ, а не на некаков идеолошки или комунистички инженеринг. Според Катарџиев, Балканот е долго време заглавен со македонското прашање и според него, единствениото решение е сите да ја признаат реалноста за постоење на Република Македонија и нејзината национална индивидуалност. 

Осврнувајќи се на поднасловот на книгата „Комунизмот и национализмот на Балканот“, професорот Трајко Стаматоски оцени дека за македонскиот народ, комунистите биле единствениот гарант за признавање на сопствениот национален идентитет бидејќи македонскиот народ не можел да очекува признавање од владите на соседните држави. Книгата на Маринов, оцени Стаматоски, дава објективна анализа,  коректно ги толкува заклучоците и внесува една нова ориентација во македонско-бугарските односи.

Според Жарко Трајаноски, „Македонското прашање од 1944 до денес“ има посебна вредност, бидејќи за разлика од останатите научни дела на слична тема, книгата на Маринов изведува реални и непретенциозни заклучоци. Македонската историографија, истакнаТрајаноски, треба да се отвори кон соседните национални прашања, а не да биде постојано затворена со македонското национално прашање.

Авторот Чавдар Маринов објаснувајќи ги мотивите за објавување на книгата, истакна дека историчарите од Балканот треба да функционираат како професионалци, а не да се преставуваат како бранители на националниот идентитет. Во Бугарија сѐ уште нема напредок во однос на македонското прашање, а од друга страна, во последно време, се појавуваат публикации кои ја критикуваат бугарската политика во однос на други прашања како на пример, политиката спрема муслиманите. Постојат историчари кои се либерални во однос на турското или останатите прашања, но во однос на македонското прашање се уште опстојува традиционалниот дух, констатира Маринов.

Извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин, истакна дека со објавувањето на книгата на Маринов, продолжува определбата на ФООМ да објавува книги од релевантни странски автори, значајни за Македонија, а истовремено и да поттикнува јавна дебата за многу важни општествени  прашања и проблеми.