Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

Промоција на книгата „Од диктатура до демократија“

Неслободната демократија во Македонија ќе заврши како диктатира




Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), на 23-ти јануари, во ГЕМ клубот, го промовираше македонското издание на книгата од Џин Шарп, „Од диктатура до демократија“, која ги обработува начините на ненасилна борба против диктаторските режими.

Васко Лазаревски, преведувач на книгата, истакна дека во ова дело авторот ги посочува методите за уривање на секоја диктатура, но ги објаснува и начините на превенција од  нејзино повторно воспоставување. Џин Шарп нагласува дека уривањето на еден недемократски режим е работа на стратешко планирање и мотивирање на поширок сегмент од општеството, а ненасилниот отпор треба да биде свесно избрано оружје против диктатурата. „Сите форми на ненасилен отпор прикажани во книгата, можат да се пресликаат и во македонскиот контекст“, оцени Лазаревски и заклучи дека книгата пратставува рамка за обучување на сите борци за слобода.
 
Модераторот на промоцијата, Сашо Орданоски, анализирајќи го делото, ја наметна дискусијата дали во Македонија има диктатура или сепак, станува збора за авторитарен режим. „Основниот постулат е дека диктатурите постојат заради подготвеноста на народот да биде послушен. Шарп тврди дека кога послушноста ќе се претвори во пркос, тогаш диктатурите ја губат супстанцата и начинот на кој владеат. Во македонското општеството,  мнозинството сѐ уште го поддржува режимот. Што правиме со тоа што во Македонија владее клиентелизмот? Нема маса која сака да ù се спротистави на власта за која препознава дека не е демократска“, нагласи Орданоски.

Извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин, зборувајќи за книгата рече: „Јас лично морам да признаам дека ја читав трипати и знам дека при секое читање, во период од неколку години, ми се појавуваа нови прашања. Последниот пат направив еден дополнителен експеримент. На крајот од книгата има прилог од 189 начини на изразување политички пркос. Штиклирав колку од тие форми се применети во Македонија или се можни. И не сакам да ви кажам до која бројка стигнав, оставам тоа да го направи секој читател и да размисли колку далеку сме од ослободувањето.“ Оценувајќи ја актуелната политичка состојба, Милчин оцени дека во моментов живееме во неслободна демократија. Факт е дека ги имаме сите институции кои обезбедуваат демократија, но тие се сѐ помалку слободни или не можат да ја гарантираат слободата. Имаме постојано кратење на човековите права и слободи, а граѓанинот е сѐ позагрозен. Па оттаму, ако ова денес не е диктатура, тогаш сигурно ќе заврши како диктатура, заклучи Милчин.

Промоцијата на книгата „Од диктатура до демократија“, на едно место, собра стотина граѓански активисти и борци за човекови права и слободи.