Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ИЗБОРИ 2016: МОНИТОРИНГ НА Мониторинг на Дневник 2 на МРТ1

МРТ во функција на граѓаните - Четврти извештај за периодот 21-24 ноември 2016 година

Во периодот 21 – 24 ноември, Дневникот 2 на МРТ1 главно беше посветен на кампањата за предвремените парламентарни избори која започна на 21 ноември, а потоа следуваа и другите општествено-политички теми од земјава.

Според Изборниот законик, додека трае предизборната кампања, МРТ како јавен радиодифузен сервис има обврска во информативните емисии, 30 отсто од времето да им отстапи на дневните настани во земјата и во странство, 30 отсто на партиите од власта, 30 отсто на парламентарните опозициски партии и 10 отсто на вонпарламентарните партии.

Во мониторираниот период, на МРТ1 најмногу простор добија ВМРО-ДПМНЕ (просечно по 228 секунди), ДУИ (просечно по 223 секунди), СДСМ (просечно по 190 секунди), Коалицијата за промени и правда (просечно по 140 секунди) и ДПА (просечно по 121 секунди), а потоа следат ВМРО за Македонија, Левица, Либерална партија, Алијанса за Албанците, Беса. Редоследот на прилозите за власта, опозицијата и вонпарламентарните партии има ротирачки принцип, односно секојдневно се менува.


  • Информациите и извештаите од предизборните митинзи и другите активности на политичките партии, во вестите на МРТ1 се издвоени со посебна шпица, а најавите на прилозите и тонот на известување на новинарите се неутрални и информативни.
  • Новинарите редовно ги пренесуваат критиките и обвинувањата на владејачките партии насочени кон СДСМ и директно кон нејзиниот лидер Зоран Заев, особено за тоа дека опозицијата планира десктруктивни и „црни сценарија“ за државата и дека има намера да воведе двојазичност и кантонизација.
  • Новинарите, информирајќи за активностите на опозицијата, во својот наратив не ги нагласија и не ги издвоија одговорите и демантите на СДСМ и на Заев за секојдневните обвинувања дека наводно сакаат да ја федерализираат Македонија. Кога станува збор за критиките на опозицијата спрема власта и владејачките партии, новинарскиот приод е поселективен и со забележливо отсуство на пренесување на критиките за криминал и незаконско прислушување, адресирани директно до ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Исто така, не беа објавени ниту повиците на лидерот на СДСМ за дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, упатени на првиот митинг на опозицијата.
  • Во известувањето за митинзите и другите активности на политичките субјекти вклучени во предизборната кампања доминираат лидерите на партиите и нивните најблиски соработници, а главен фокус е ставен врз економијата и планираните мерки за подобар живот, за намалување на невработеноста, за унапредување на инфраструктурата, за подобрувaње на животот на младите и др.
  • Новинарите ја пропуштија шансата проактивно да известуваат и да истражуваат за големото загадување на воздухот во градовите низ земјава, кое претставува тема од исклучителен јавен интерес. Во вестите редовно се известуваше за состојбите со аерозагадувањето, но главно беа пренесувани препораките на Град Скопје, а беа консултирани и лекари.
  • Во првите два дена од кампањата, вестите на МРТ1 започнуваа со долги прилози (2,58 и 1,54 минути) за дводневната работна посета на претседателот Ѓорѓе Иванов на Софија.
  • МРТ1 продолжува редовно да известува за актуелностите во судството, за активностите на СЈО, но и за важни социјални теми.
Во прилог на ова соопштение ви доставуваме и инфографик со клучните наоди од мониторингот на НВО Инфоцентарот.

поврзани новости

нема поврзани новости