Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Пристап до правда во Македонија
пронајди

ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕСИЈА ЗА ПРАВНО ОПИСМЕНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ

На 23 ноември 2016 година, во просториите не Младинскиот Културен Центар – МКЦ Битола, во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, се одржа сесија за правно описменување на граѓаните на која беа презентирани работничките права, со посебен акцент на волонтирањето, практичната работа и одморот на работните.

Дваесет и осум млади луѓе, волонтери, но и вработени беа дел од оваа сесија и се здобија со основни познавања за волонтирањето, правата и обврските на волонтерот, но и правото на одмор на вработените. На сесијата присутна беше и млада претставничка на бизнис секторот, која изрази голем интерес за практиканти во нејзината фирма.
„Тешко се наоѓа работа во струката, особено што сите компании бараат претходно работно искуство, а младите немаат можност да го стекнат тоа искуство“ – ја искажа својата загриженост еден од учесниците.

Потребно е работниците и волонтерите да ги знаат своите права, за да можат да идентификуваат правен проблем кога истите им се прекршени. Пред учесниците беа презентирани и механизмите за заштита на правата и начините како тие самите да се заштитат доколку правата им биле прекршени. 

Планирани се уште седум вакви сесии низ повеќе градови во Македонија, од кои две за заштита на работничките права и пет за информирање на граѓаните за социјална заштита.    
Проектот Пристап до правда во Македонија е поддржан од Европската унија а се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Националниот ромски центар - Куманово, Младинскиот културен центар - Битола, Едукативно - хуманитарната организација ЕХО - Штип и ИЗБОР - Струмица.

поврзани новости

нема поврзани новости