Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ГРАЃАНИ ПРИЈАВЕТЕ ГИ НЕРЕГУЛАРНОСТИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖИТЕ ПРИ УВИДОТ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК НА 0800 88 888

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ ги известува граѓаните дека согласно Роковникот на Државната изборна комисија, од 28 октомври до 11 ноември, избирачкиот список е ставен на јавен увид. Јавниот увид во избирачкиот список ќе може да се изврши во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, како и преку интернет страната на Државната изборна комисија (https://izbirackispisok.gov.mk/).

Ги охрабруваме сите граѓани да извршат проверка на податоците во избирачкиот список и доколку забележат нерегуларности во избирачкиот список истите да ги пријават.

Граѓаните кои при проверка во избирачкиот список ќе забележат непостоечки гласачи на нивната адреса имаат право да поднесат барање за промена во евиденција во избирачкиот список во МВР, кое има формирано посебно одделение за постапување по овие барања, во рамки на Секторот за управни и граѓански работи – Оддел за граѓански работи. Иако согласно Изборниот Законик, Државната изборна комисија е надлежна за постапување при вакви случаи, бевме известени дека граѓаните во неколку наврати се упатувани да поднесат барање до посебното одделение на МВР.

Земајќи ја предвид итноста и важноста на решавање на проблемот со непостоечките гласачи, ги информираме граѓаните дека во оваа постапка до МВР потребно е да поднесат:

1. своерачно потпишано барање за промена во евиденција во избирачкиот список,

2. printscreen како доказ/основа за барањето,

3. да приложат купопродажен договор или имотен лист од каде ќе се утврди сопственикот на објектот/имотот кој се води на спорната адреса.

Доколку некој граѓанин/ка не е сигурен/а за постапката при поднесување барање до надлежните институции го/ја охрабруваме да се јави на бесплатната СОС линија 0800 88 888 каде што ќе добие соодветна правна помош.

поврзани новости

нема поврзани новости