Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ДИК НЕЗАКОНСКИ ГИ ПРЕПРАЌА ДО МВР ГРАЃАНИТЕ КОИ ПРИЈАВУВААТ НЕПОСТОЕЧКИ ГЛАСАЧИ

На 10 ноември 2016 година (четврток), со почеток во 12 часот, во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа прес-конференција на која тимот што работи на бесплатната СОС линија 0800 88 888 за пријава на изборни нерегуларности во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“, реагираше и ѝ укаже на јавноста за праксата на Државната изборна комисија во врска со отстапувањата кои ги прави при пријавувањето нерегуларности од граѓаните при јавниот увид во Избирачкиот список. 

На прес-конференцијата се обратија правниците Сибел Амет и Кастриот Мемети од СОС тимот за евидентирање изборни нерегуларности и пружање правна помош во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“.

Имено, граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ отвори бесплатна СОС линија на која граѓаните се охрабрени да се јават и да ги пријават предизборните нерегуларности, притисоци врз нивното избирачко право во форма на агитации, заплашување  и слично како од страна на политичките партии во Македонија, така и од работодавачите во јавната администрација и од приватниот сектор.

СОС линијата нуди бесплатна правна помош  за гласачите на македонски и на албански јазик. Граѓаните кои се јавуваат можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани и истите нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните кои ја пријавиле повредата.  Граѓаните кои се јавуваат добиваат правна поука за постапката во конкретниот случај, се охрабруваат да дојдат во просториите на СОС тимот со цел покренување постапка во конкретниот случај. 
Во досегашната работа, СОС тимот доби повеќе повици во врска со запишување, дополнување или бришење од Избирачкиот список. Од евидентираните повици, најголем дел се однесуваа на пријави за непостоечки гласачи на адресите на живеење на јавувачите. Согласно Изборниот законик, јавувачите беа упатени ова да го пријават до Државната изборна комисија, која е надлежна за промена на податоците од Избирачкиот список, секако поучени дека тимот може да им помогне во постапката. 

Добивме информации дека Државната изборна комисија ги препраќа граѓаните кои пријавуваат непостоечки гласачи на нивните адреси до Министерството за внатрешно работи. Во МВР од граѓаните се бара да поднесат своерачно потпишано барање за промена во евиденција на лични податоци и да  приложат докази,  како купопродажен договор или имотен лист од кои ќе биде утврден сопственикот на објектот/имотот кој се води на адресата каде се појавуваат лица кои немаат избирачко право или немаат живеалиште на адресата.

Ваквата постапка паѓа на товар на граѓанинот кој пријавил нерегуларност во Избирачкиот список, дополнително да обезбедува докази за нерегуларност која не настанала со дејствие или заради пропуст на самиот граѓанин.

Со внимателно толкување на законските одредби недвосмислено произлегува дека Државната изборна комисија е надлежна за постапување по пријави за бришење од Избирачкиот список. А понатаму надлежностите разработени во Правнилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, предвидуваат и начело на соработка помеѓу ДИК и МВР во однос на пристап до базите на податоци и прибавување на потребните докази за водење на постапката за ажурирање на Избирачкиот список.  

Постапувањето спротивно на одредбите на Изборниот законик и Правилникот, ДИК воспоставува пракса која што не само што не е законски предвидена, туку и им отежнува на граѓаните на тој начин што по добиеното решение од МВР нужно е потребно да покренат уште една постапка пред  ДИК за бришење на податоци од Избирачкиот список. Дел од граѓаните се откажуваат од продолжување на постапката за пречистување на податоците од Избирачкиот список бидејќи процедурата им одзема дополнително време и ресурси. Сето ова реално влијае и на должината на постапката и на довербата на граѓаните во институциите кои се задолжени за одржување на фер и демократски предвремени парламентарни избори во 2016 година. 

СОС тимот за бесплатна правна помош за граѓаните во остварувањето на нивното гласачно право достави допис до Државната изборна комисија адресирајќи го овој проблем. 
Меѓутоа имајќи предвид  дека проблемот со непостоечки гласачи на Избирачкиот список е сериозен проблем во Република Македонија, а самиот рок за јавниот увид во Избирачкиот список и доставување пријави до ДИК од страна на граѓаните, согласно Роковникот од ДИК, завршува на 11ти Ноември односно утре, апелираме до ДИК до заклучување на Избирачкиот список во рамките на нивните овластувања да постапат соодветно за ажурирање на Избирачкиот список и негово прочистување. 

Воедно, апелираме до политичките партии во Македонија, на кои согласно Изборниот законик, по завршување на јавниот увид им се доставува Избирачкиот список и кои имаат право во рок од 5 дена од приемот на истиот да доставуваат барања за запишување, дополнување и бришење од Избирачкиот список, да придонесат во ажурирање на Избирачкиот список и негово прочистување  со цел овозможување на фер и демократски предвремени парламентарни избори во 2016 година. 
Ги охрабруваме граѓаните во претстојниот период од изборниот процес да ги пријавуваат нерегуларности и притисоците врз нивното избирачко право за време на предизборната кампања, предизборниот молк како и на самиот ден на изборите.


поврзани новости

нема поврзани новости