Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско учество за локална демократија
пронајди

OДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА ПО НАЦРТ СТРАТЕГИЈАТА ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА 2017-2022

На 10 ноември 2016 година (четврток), со почеток во 10 часот, во Салата на Советот на Oпштина Струмица, се одржa јавна расправа по нацрт Стратегијата и Акцискиот план од областа на културата 2017-2022.

Расправата ја отвори Софче Јанева, лице за контакт од Општина Струмица за потребите на проектот Граѓанско учество за локална демократија. Во продолжение, збор земаа Јулијана Караи, координаторка на проектoт, Александар Гумберовски, експерт за локална самоуправа кој дирекно беше инволвиран во креирањето на документите и Светлана М. Вучетиќ, претставник од институцијата „Дом за деца и млади“ и активен учесник на обуките и работилниците. Се даде краток опис на досегашните активности, како претходница на креирањето на нацрт Стратегијата и нацрт Акцискиот план.

Со свои сугестии и предлози учествуваа претставници од општинската администрација и Советот на Општина Струмица, институции и граѓански здруженија и граѓани. Содржината на Стратегијата беше искрено поздравена од страна на присутните, со нагласување на потрeбата истата да биде реален двигател на културата и културните дејности во Општина Струмица. 

Клучни зборови

| општини