Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

Унгарија: новинарите нема да молчат

Слободата на медиумите во Унгарија од ден на ден се задушува. По притисокот од Брисел, законот за медиуми стана поблаг, но само на хартија

Радио водителот Атила Монг беше првиот кој пред три години реагираше на новиот закон за медиуми што го донесе унгарската влада. Со него се воведени строги контроли во известувањето, а одлуката за тоа дали и како за нешто ќе се пишува или зборува ја донесува посебно контролно тело кое го сочинуваат членови на владејачката партија. Веќе следното утро по објавување на овој закон, на 21 декември 2010 година, Атила Монг ја почна својата емисија на државната станица Косут радио - со едноминутно молчење. Коментарите за најновиот закон и онака беа забранети. Уште истиот ден беше отпуштен од работа. "Кога во 1989 година на улиците на Будимпешта протестиравме за воведување на демократија во нашата земја, не можев ниту да замислам дека 20 години подоцна како новинар ќе бидам соочен со толку антидемократски и репресивен закон за медиуми", вели Монг.

Атила Монг всушност е најпознатиот пример меѓу живите жртви на овој закон, но секако не и единствен. Во изминативе години во Унгарија стотина новинари, уредници и репортери во државните станици останаа без работа бидејќи имале што да кажат за слободата на медиумите. Приватните медиуми се' уште се одржуваат во живот, но со многу маки. На пример, Клуб радио, веќе подолго време се обидува да суд да ја продолжи лиценцата за работа, а и ако ја добие големо прашање е дали воопшто ќе може и да ја плати. Освен тоа, владата врши голем притисок врз нивните клиенти кои на ова радио се рекламираат себе или своите производи. Како што изгледа, членовите на редакцијата на Клуб радио во моментов имаат само една цел - некако да се издржи и преживее до следните парлаемнтарни избори на пролет во 2014 година.

Штефан Ожват, ситуацијата во Унгарија ја следи од Виена каде работи како дописник на германските јавни сервиси. Притисокот на унгарските власти го почувствува на сопствена кожа. "Тоа оди така што на пример еден државен секретар ќе се појави на малиот екран, ќе ги наведе нашите имиња и ќе почне да зборува невистини и глупости за нас", вели тој. Меѓутоа, Ожват и неговите колеги успеаја да се одбранат од сите напади и во моментов ситуацијата е малку поопуштена. "Па неможат да не обвинат само затоа што шириме лоши вести. Тие вести потекнуваат од унгарската влада, таа ги креира, ние само известуваме за тоа, без разлика дали тоа и се допаѓало или не на владата. Со тоа мора да живее секоја власт". Ожват додава дека грубиот однос кон медиумите покажува и тоа до која мера конзервативните моќници во таа земја се параноични. "Тие се користат и со теории на заговор. На пример, нас не' прогласија за продолжена рака на унгарските левичари", објаснува овој дописник.

Но, и покрај тоа, тој предупредува и на опасноста од недоразбирање и неточни информации кои кружат низ медиумите според кои, на пример, во Унгарија веќе воопшто не може слободно да се пишува за некоја тема. Тоа и понатаму е возможно, пред се' на интернет, но секако прашањето е - кој тоа го чита? Радиото и телевизијата, медиуми кои допираат до мнозинството од населението, во целост се наоѓаат во рацете на владејачката партија токму благодарение на споменатиот закон. Освен тоа, во негова рамка, во 2011 година е формирано и тело за контрола на медиумите кое може да им ги одзема лиценците за работа на станиците и да ги казнува "непослушните". Иако под притисок од Брисел унгарската влада мораше малку да го промени и ублажи овој закон, во пракса речиси ништо не е изменето.

Посебно внимание од странство добива веќе споменатото приватно Клуб радио. Унгарската влада веќе две години се обидува да ја укине оваа радио станица и се служи со сите можни бирократки оружја. Залудно, Клуб радио и понатаму работи, но во меѓувреме се наоѓа пред финансиски крах. Ова радио истовремено не е единствената станица на која и е потребна финансиска помош. "Во Унгарија се' уште има многу ангажирани новинари кои работат независно, без оглед дали работат за некоја приватна станица или во невладина организација. Исто така, постои цела низа иницијативи и модели кои може да се финансираат од приватни донации. Токму на тоа подрачје се создава нова инфраструктура која се исплати да се поддржува", вели Атила Монг. И Штефан Ожват повикува на поддршка на новинарите кои во Унгарија се обидуваат да работат чесно, и бара врз премиерот на државата Орбан да се врши уште посилен политички притисок, пред се' од страна на Брисел, на кој во Будимпешта во меѓувреме гледаат како на тигар без заби.

Монг во меѓувреме живее во Берлин каде и работи како онлајн новинар. Вели дека никој не може да му забрани да зборува бидејќи тој всушност може да работи каде било во светот. Редовно ја посетува Унгарија и секако, негова најголема желба е еден ден таму и да се врати. "Сакам да го доживеам денот кога унгарските медиуми повторно ќе бидат целосно слободни. Денот кога економски ќе стојат на цврсто тло и тоа како ќе може да работат уште понезависно отколку предходно", заклучува Атила Монг. (Дојче веле)

Извор: Утрински весник

поврзани новости

нема поврзани новости