Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Правна програма
пронајди

Половина од Македонците имаат најмалку еден правен проблем





Фондацијата Отворено општество – Македонија на 18 октомври ја промовираше осмата анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“, преку која се врши анализа на правните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во Република Македонија и нивната перцепција за правичноста на правниот систем.

Според резултатите од истражувањето во анализата „Правните потреби и патот до правдата во Република Македонија“, половина од испитаниците (49%) одговориле дека имале најмалку еден правен проблем во изминативе три години. Од нив, само две третини повеле правна постапка, а како спорови кои најдолго траат се издвојуваат споровите против државата и работодавците, додека споровите помеѓу приватни организации и лица најбрзо се решаваат. Над 60% сметаат дека судскиот систем е нефер кон посиромашните граѓани. Една четвртина од правните проблеми се однесуваат на домувањето, додека 19,9% од правните проблеми се поврзани со работата и вработувањето.

По презентацијата на истражувањето, следеше дебата на која се анализираа посебните групи на правни проблеми (проблеми со домување; со вработување; дискриминација; проблеми на потрошувачите, итн) Како главна причина за пасивноста на македонските граѓани кон правните проблеми, беа издвоени високите трошоци, должината на постапките, недовербата во судскиот систем но и нискиот степен на заштита на правата од страна на институциите.

Џелал Хоџиќ од граѓанската иницијатива „8 Септември“ побара промена на судскиот систем, бидејќи сиромашните граѓани не се во можност да ги платат високите судски трошоци за да ги решат своите правни проблеми. Јасмина Голубовска од граѓанската иницијатива „Аман“ истакна дека големиот број на бирократски процедури значително го отежнуваат патот до остварување на потрошувачките права.

На дебатата беа презентирани лични искуства во поглед на пристапот до правдата. Беше потенцирано дека граѓаните брзо ја имаат загубено довербата кон судската и извршната власт, додека негативните искуства од решавањето на правните проблеми создаваат понатамошно обесхрабрување на граѓаните. Истражувањето покажува дека е потребно зголемување на индивидуалните капацитети на граѓаните, подобро запознавање со правниот систем и механизмите за решавање на правните проблеми, но и реформи во судскиот систем кои ќе се прилагодат на фактичката состојба, како и постојана едукација од страна на институциите.



Преземете ја анализата

 


Инфографици