Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

Иднината на Европа – Џорџ Сорос

Иднината на Европа, говор на Џорџ Сорос на Глобалниот економски симпозиум, 1 октомври 2013 год., Кил, Германија.

Ќе применам холистички приод за иднината на Европа. Јас развив концептуална рамка која ме водеше во донесувањето одлуки низ целиот мој живот. Рамката е многу поширока од финансиските пазари; таа го опфаќа односот меѓу размислувањето и реалноста. Она што го усложнува овој однос е фактот дека мислите и дејствијата на учесниците се дел од реалноста за која тие мора да размислуваат. Нивното размислување има двојна функција: од една страна, тие се обидуваат да го разберат светот во кој живеат – тоа е когнитивната функција; од друга страна, тие сакаат да влијаат врз настаните во кои учествуваат - тоа е манипулативната функција. Двете функции влијаат една врз друга – јас тоа го нарекувам интерферентна рефлексивност.

Основниот постулат на мојата концептуална рамка е принципот на човечката несигурност, кој се темели на два идентични столба на грешење и рефлексивност. Како научен метод, принципот на човечката несигурност има далекусежни последици. Тој се применува само за општествени појави и согласно на тоа, прави разлика меѓу општествените и природните науки. Економската теорија се обидува да ги имитира природните науки, посебно њутоновата физика. Затоа, мојата концептуална рамка е директно спротивна на конвенционалните економски теории.

Разликите се посебно видливи во справувањето со финансиските проблеми генерално, и со еврокризата, конкретно. Конвенционалната економија ги следи безвременските и универзалните закони чијашто валидност може да се тестира преку упатување на факти. Јас тврдам дека фактите што ги произведуваат општествените процеси не се веродостоен критериум за утврдување на валидноста на теориите поради принципот на човечката несигурност. При тоа, јас не ја отфрлам можноста за воспоставување универзални и безвременски закони - принципот на човечката несигурност е еден од нив - но сметам дека таквите закони се премногу нејасни и општи за да бидат корисни во развивањето специфични предвидувања и објаснувања.

Во секој случај, општествените појави полесно се објаснуваат отколку што се предвидуваат. Минатото е веќе утврдено, а принципот на човечката несигурност ја прави иднината природно неизвесна. Њутоновата физика не функционира вака. Конвенционалната економија се обиде да го примени њутоновиот приод врз општествените појави, преку воведување на концептот на рамнотежа. Таквиот приод наложи сложена ментална гимнастика. Сè почна со теоријата за совршена конкуренција, која подразбираше совршено знаење, и заврши со хипотеза за рационални очекувања и ефикасен пазар.

Спротивно на тоа, јас ја нагласувам улогата на погрешните концепти, погрешните толкувања и целосното отсуство на разбирање кога се создава текот на настаните. Јас се фокусирам на процесот на промена, а не на можниот исход. Процесот вклучува циклуси на рефлексивни повратни ефекти меѓу објективните и субјективните аспекти на реалноста. Подложноста на грешки гарантира дека овие два аспекта никогаш нема да бидат идентични. Токму оваа карактеристика ја прави мојата рамка различна од конвенционалната економија.

Повратните ефекти можат да бидат негативни или позитивни. Негативните повратни ефекти ги стеснуваат отстапувањата меѓу објективните и субјективните аспекти на реалноста, а позитивните повратни ефекти ги прошируваат. Кога одат во екстреми, негативните повратни ефекти водат кон рамнотежа, а позитивните водат кон пропаст. Во стандардната економика, рамнотежата е неизбежен исход, но во мојата рамка, таа е една од двете теоретски екстреми. Реалноста се движи во рамки на услови кои наликуваат на рамнотежа и услови кои се далеку од рамнотежа, но дистрибуцијата на случаи не наликува на нормална „ѕвонеста“ крива; таа претендира да ги групира веројатностите околу двете екстреми. Екстремите дејствуваат како „чудна сила на привлекување“ бидејќи луѓето обично користат дихотомии за да ги поедностават работите. Една ситуација може да се смета за стабилна или нестабилна, но мислењето на луѓето може многу брзо да се смени. Ова доведува до „криви повисоки од нормалните“ кои се карактеристични за непостојаните пазари – овие криви се природен дел од мојата рамка, но не се вклучени во стандардната економика.

Користејќи ја оваа концептуална рамка, јас развив теорија за подем и пад на финансиските кризи, која е спротивна на рамнотежата. Оваа теорија се темели на доминантниот тренд во реалноста и погрешото толкување или концептуализирање повразно со тој тренд. Трендот и погрешното концептуализирање се зајакнуваат еден со друг до степен во кој погрешниот концепт станува сè поочигледен. На крајот, ваквата ситуација стигнува до точка на инфлексија (превој) кога трендот ја менува насоката и циклусот на позитивни повратни ефекти се развива во обратна насока.

Процесите на подем и пад (шпекулативни балони) се само една манифестација на рефлексивноста и многу ретко се развиваат до степен кога им се припишува макроекономска важност. Рефлексивна интеракција постои и меѓу властите и пазарите. Зад невидливата рака на пазарите демне видливата рака на политиката. И пазарите и властите се склони на грешки; токму тоа ја прави нивната интеракција рефлексивна. Додека шпекулативните подеми се јавуваат одвреме навреме, меѓусебното влијание на економијата и политиката се случува постојано. Ние треба да ја проучуваме политичката економија каде секој настан е единствен, наместо да бараме безвременски закони.

Мојата концептуална рамка ја сочинуваат универзално валидни генерализации; затоа нејзината корисност во објаснувањето или предвидувањето нa политичката економија е многу ограничена. Сепак, како менаџер на фонд за ограничување на ризикот (hedge fund), ја користев оваа рамка за да развијам специфични теории за специфични ситуации, а моите постигнувања ја потврдуваат корисноста на овие теории.

Еврокризата будно ја следам уште од самиот почеток. На таа тема напишав голем број статии, кои сега се собрани и публикувани во книга. Открив дека мојата концептуална рамка е исклучително корисна бидејќи кризата е резултат на рефлексивна интеракција меѓу финансиските и политичките процеси и ги комбинира историските, културните, моралните, но пред сè, сите правни аспекти. Токму затоа кризата е толку сложена што го зашеметува умот. Погрешните концепти имаа централна улога. Наместо да презентирам сеопфатна анализа, јас ќе се фокусирам на нив.

Самиот дизајн на заедничката валута има голем број дефекти. Некои од нив беа видливи уште при воведувањето на еврото. На пример, општо е познато дека еврото е некомплетна валута, односно тоа имаше централната банка, но немаше трезор. Другите дефекти испливаа на површината дури откако кризата зема замав. Во ретроспектива, најважниот дефект беше тоа што еврото ги изложи државните обврзници на државите-членки на ризик од неисплата. Во една развиена земја со сопствена валута не постои ризик од неисплата, бидејќи таа секогаш може да испечати пари. Но, со отстапувањето на тоа право на независна централна банка, државите-членки се ставија во позиција на држави од третиот свет кои зајмуваат средства во странска валута. Пред кризата овој факт не беше признат ниту од пазарот, ниту од властите, што сведочи за нивната подложност на грешки.

Кога се воведе еврото, властите изјавија дека државните обврзници не подразбираат никаков ризик. Комерцијалните банки не беа обврзани да издвојуваат капитални резерви за посед на државни обврзници, а Европската централна банка (ЕЦБ) ги прифаќаше сите државни обврзници под еднакви услови и по дисконтирани цени. Ваквата ситуација создаде перверзен поттик за комерцијалните банки да го купуваат долгот на послабите влади за да го заработат она што на крајот испадна само мал број поени над основицата, бидејќи во реалноста диференцијалните каматни стапки беа конвергирани на нула.

Оваа конвергенција на каматните стапки предизвика отстапувања во економскиот перфоманс. Послабите држави доживеаа огромен раст на пазарот на недвижнини, потрошувачката и инвестициите, додека Германија – под товарот на обединувањето - мораше да се усвои структурни и реформи за фискално штедење. Ваквото отстапување не беше предвидено во Мастришкиот договор, кој претпоставуваше дека јавниот сектор е тој што создава дисбаланс.

Потоа дојде падот на берзата од 2008 година. По банкротот на Lehman Brothers, европските министри за финансии изјавија дека нема да се дозволи пад на другите важни системски финансиски институции, но канцеларката Меркел инсистираше обврската за тоа да ја понесе секоја држава индивидуално, наместо таа да падне на товар на Европската Унија или на еврозоната. Тоа беше почетокот на еврокризата, но на пазарите им требаше повеќе од една година за да реагираат на кризата. Дури откако Грција откри дека нејзиниот фискален дефицит е многу поголем од очекуваниот, пазарите сфатија дека Грција нема да може да го исплати својот долг, и во знак на одмазда тие ги зголемија премиите за ризик не само за грчките обврзници, туку и за обврзниците на таканаречените „држави од периферијата“. До тој момент, овие држави веќе беа оптоварени со долгови многу поголеми од оние што една држава од третиот свет би можела да ги акумулира.

Експлозијата на кризата им ги врза рацете на европските финансиски власти. Тие мораа да се справат со кризата во согласност со правилата, кои несомнено беа несоодветни за условите што преовладуваа; но не можеа да ги сменат Мастришкиот и Лисабонскиот договор бидејќи јавното мислење, посебно во Франција и во Германија, беше против какви било натамошни чекори во европските интеграции. Поради тоа, властите мораа да се потпрат на разно-разни правни изговори за да го спасат еврото од пропаст. Сето тоа дополнително ги усложни правилата за еврото, со што тие станаа посложени од она што би биле доколку се дизајнираат одново. Во исто време, некои од промените што се појавија во практиката, посебно ризикот од неисплата и спасувањето на носителите на обврзниците, постепено беа вградени во правните регулативи. Тоа ги стави презадолжените држави во голема и повторлива неповолна позиција, која не беше соодветно призната.

Во овој контекст, двојното значење на германскиот збор „schuld“ е посебно интересно бидејќи тој значи и долг и вина. Па така, за германската јавност стана нормално или „selbstverstandlich“ да им ја припише вината на презадолжените држави за сопствената несреќа. Сепак, фактите не го оправдуваат овој став, освен во случајот на Грција. Грчката влада бесрамно ги прекрши Договорите, но другите држави-должници ги почитуваа правилата. Навистина, Шпанија беше пример за промислен фискален менаџмент. Јасно е дека грешките се во системот. Одговорноста за несреќата на презадолжените држави треба да се бара во оние кои ги донесоа правилата за еврото, а во прв ред тоа се Германија и Франција. Но, овој заклучок ќе наиде на голем отпор во овие земји.

Сега, еврокризата е зад нас. Тоа стана официјално јасно за време на изборите во Германија, на кои правилата за еврото не беа предмет на дискусија. Сепак, системот што се појави по кризата е далеку од задоволителен. Конвенционалните економисти тоа ќе го наречат инфериорна рамнотежа, а јас сметам дека тоа е ситуација која ни одблиску не наликува на рамнотежа. Еврокризата веќе ја трансформираше Европската унија во нешто радикално поразлично од првична идеја за неа. ЕУ требаше да биде доброволна асоцијација на суверени и рамноправни држави кои пренесуваат дел од својот суверенитет за заедничкото добро. Но, таа се претвори во однос меѓу кредитори и должници, што по својата природа е нужно и нерамноправно. Кога една држава-должник ќе се соочи со тешкотии, државите-кредитори се тие што имаат контрола. Правилата што тие ги воспоставија само ја продолжуваат ваквата состојба. Тоа се смета за политички неприфатливо и има потенцијал да ја уништи целосно Европската унија. Само кредиторите се во позиција да го спречат ваквиот исход, но се чини дека тие не покажуваат желба да го направат тоа.

Дефектите на тековната ситуација можат да се поделат во две категории: политички и финансиски. На политички план, Германија се појави како де факто хегемон. Германија не може да им наредува на другите, а европските власти не можат да даваат предлози без согласност од Германија. Демократијата цвета во Германија, но државите-должници влегуваат од една во друга политичка криза. Уставниот суд во Германија прерасна во најмоќната судската власт во Европа. Бидејќи Германија, свесна за својата недамнешна историја, не сакаше да ја преземе улогата на хегемон, таа не е подготвена ниту да ги прифати одговорноста и обврската кои одат рака под рака со таквата улога. Како резултат на тоа, некои држави ја критикуваат Германија, а таа се чувствува неправедно обвинета за позицијата во која е ставена и која активно се обидува да ја избегне.

Споредете го тоа со Соединетите Американски Држави, кои дејствуваа како бениген хегемон кон крајот на Втората светска војна кога го започнаа Маршаловиот план, а потоа беа славени како лидер на слободниот свет и уживаа безусловна поддршка од Европа. И сегашните ставови на Германија се сосема спротивни на однесувањето што преовладуваше кога Германија се обединуваше. За да ја постигне таа цел, во тоа време Германија стана движечката сила на европските интеграции.

На економски план, политиката на штедење за која се залагаше Германија е контрапродуктивна. Намалувањето на фискалниот дефинит за едно евро предизвика намалување на БДП за неколку евра - со други зборови, фискалниот мултипликатор беше поголем од еден. Германската јавност тешко можеше да го разбере тоа. Фискалните реформи што ги воведе владата на Шредер беа успешни, па оттука, зошто политиката што е успешна за Германија не може да биде успешна и за Европа? Причината е тоа што владата на Шредер работеше во услови на инфлација, додека моменталното опкружување се карактеризира со дефлација. На европските власти им требаше многу време за да го признаат овој факт, но на крајот го направија тоа и престанаа да наметнуваат дополнителни мерки за штедење. Тоа го олесни притисокот за штедење, ѝ дозволи на еврозоната да го допре дното, а со тоа ја намали финансиската криза. Еврозоната сега е во благо опоравување, предводено од Германија, но презадолжените земји сè уште заостануваат. Ваквото отстапување во голема мера се должи на товарот од нивниот долг и високата цена на парите. Бидејќи овие две категории се повторливи, разликата меѓу државите уште повеќе ќе се проширува со текот на времето.

Она што треба да се направи е очигледно од анализата на она што се случи. Првиот чекор е да се признаат грешките и да се идентификуваат погрешните концепти што ја создадоа моменталната ситуација. Потоа следува коригирање на истите. Само Германија може да го иницира овој процес бидејќи, како држава со највисок кредитен рејтинг, таа го држи управувачот. Ако една држава-должник се обиде да го направи тоа, со тоа само ќе ја влоши сопствената позиција. Да се признаат и да се коригираат грешките не е лесно. Во овој случај нема причина за срам, бидејќи ситуацијата беше толку сложена што ги зашемети умовите на сите. Ако Германија го направи тоа, таа ќе ужива долгорочна благодарност од станатиот дел на Европа. Неподготвеноста да го направи тоа може само да ја влоши ситуацијата. Таа создаде кошмар во кој жртвите на сегашните политики мора да живеат во суровата реалност. Сега откако еврокризата заврши, Германија исплива како победник. Но, тоа е пирова победа која треба да се избегне. Го поздравувам фактот дека оваа конференција, која е единствена во признавањето на сериозноста на проблемите со кои се соочува Европа, ги разгледува сите можности.

поврзани новости

нема поврзани новости