Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Правна програма
пронајди

Седма анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“

Пресудите на Европскиот суд за човекови права треба да се имплементираат






Фондацијата Отворено општество – Македонија на 30 септември 2013 година ја промовираше седмата анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“, преку која се врши анализа на примената и разбирањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Република Македонија.

Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување конфликти, ги презентираше клучните наоди и препораките содржани во Анализата. Како клучни повреди на судската пракса во Македонија, во пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) се наведени повредите на правото на правична судска постапка, правото на слобода и безбедност, правото на ефикасен правен лек, правото на сопственост и правото на здружување. Според Најчевска, пресудите на европскиот суд се извор на право, па оттаму во Анализата се издвоени неколку препораки кои имаат за цел да го унапредат македонскиот судски систем, со што ќе се намали бројот на тужби против Македонија кои се водат во Стразбур.

Публикацијата дава низа препораки насочени кон создавање институционална и системска рамка која ќе гарантира одговорност на државата за успешно спроведување на препораките на ЕСЧП, и вградување законски механизми за да се гарантира ефикасноста на постапките. Исто така, мора да се овозможи независна истрага и подобрување на доказната постапка пред властите во Македонија, како и воспоставување соодветен систем за индивидуална и институционална одговорност за сторените повреди на правата гарантирани со Европската конвенција за човекови права.

Костадин Богданов, владин агент и директор на Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права, ги поддржа напорите на ФООМ за анализа на спроведувањето на пресудите од ЕСЧП, но истакна дека Бирото не може да се сложи со делови од Анализата, како, на пример, дека улогата на Бирото е подвоена – еднаш во улога на бранител на државата и втoр пат како спроведувач на пресудите на ЕСЧП. Според Богданов најголем дел од постапките кои се водат пред ЕСЧП не се поради индивидуални пропусти, туку се поради одредени системски недоследности, односно недоследности кои се јавуваат во сите држави. Во поглед на препораките, Богданов истакна дека постојано се вршат реформи за подобрување на судскиот систем, особено во делот на времетраењето на постапките, проблем кои се јавува во 80 отсто од поднесените тужби пред судот во Стразбур.

На промоцијата како главен заклучок се издвои потребата од ефикасно спроведување на пресудите од ЕСЧП, кое понатаму ќе обезбеди активна приемена на Европската конвенција за човекови права и унапредување на судскиот систем во Република Македонија.