Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Општо
пронајди

Соопштение

Финансиите на политичките партии под закрила на институциите

До кога финансиите на политичките партии ќе бидат „заштитена мечка“ во Македонија? Транспарентност Македонија остро реагира на одлуките на Вишиот Управен Суд на РМ со кои го ограничува правото на слободен пристап до информации за финансиите на политичките партии. Прашањата кои беа предмет на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер се однесуваа за финансирањето на политичките партии за парламентарните избори од 2011 година во периодот кога политичките партии сѐ уште беа иматели на информации според Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КОМСПИ).

Решенијата на КОМСПИ со кои првично беше одбиен пристапот до овие информации беа оспорени пред Управниот суд на РМ, со надеж дека ваквата пракса на КОМСПИ без да се даде јасно образложение зашто политичките партии веќе не се иматели на информации од јавен карактер ќе биде согледана како погрешна. Но, и од Управниот суд на РМ наидовме на потполно исто стојалиште како и она на Комисијата, односно сите тужби поднесени пред Судот беа одбиени како неосновани.

Ваквото рестриктивно толкување беше обжалено пред Вишиот управен суд на РМ, со надеж дека токму овој суд ќе навлезе во суштината на управната работа која ја решава и ќе заземе поинаков став во насока на заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Но, стојалиштето на Вишиот управен суд на РМ е дека не е повреден законот на штета на барателот на информацијата и не е скратено правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, од причина што јавноста и транспарентноста на работењето на политичките партии било сосема доволно обезбедена преку одредбите од Законот за финансирање на политичките партии според кои истите имаат обврска сите информации за своето финансиско работење да ги доставуваат до надлежни државни институции или на своите веб страници, па следствено на тоа, барателите треба своето барање да го адресираат до државните институции.

Од целокупната постапка јасно се заклучува дека (не)транспарентноста на финансиите на политичките партии остануваат под закрила на институциите на државата и дека правото на слободен пристап до информации во делот на финансирањето на политичките партии останува ограничено.

Прашањето за (не)отвореноста и (не)подготвеноста за соработка на одредени државни институции кога станува збор за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ќе биде детално разработено во анализата која ќе биде продукт на проектот “Транспарентност во финансирањето на политичките партии” спроведуван од Транспарентност Македонија во соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија преку која ќе се увидат слабостите на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кога станува збор за сензитивно прашање како што е финансирањето на политичките партии.

Клучни зборови

| транспарентност