Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

„Изгубени во светот на сенките“

Роберто Беличанец, на јавната дебата „Духот на слободата“ со граѓаните на Крива Паланка, „Граѓани за eвропска Македонија“ (ГЕМ) на 10.10.2012.


„Позицијата во која се наоѓаме во моментов е страшно тешка, како никогаш досега, затоа што сета оваа машинерија функционира со амин на Европската комисија, која што реално, конечно, ја призна реалноста во Македонија, дека ВМРО-ДПМНЕ го контролира теренот. 

И од аспект на практична, прагматична политика, кога некој ви го контролира теренот, вие со него зборувате. Се најдуваме во страшно тешка позиција, сами, осамени, меѓутоа, не помалце борбени. Напротив, денеска договоривме некои акции, ќе видите што ќе се случува овие денови. Сметаме дека се бориме за едно фундаментално човеково право. Тоа е нешто што во Уставот е дефинирано на исто рамниште со правото на живот, и со правото да бидете слободни од тортура, да не ве мачи никој. Значи, тоа е фундаментална вредност. Тоа е фундаментална вредност на демократијата, затоа што ако не можете да кажете што ве мачи, вие не можете ни да се поврзете со сличниот што е со вас, не можете да изградите никаква човечка врска, останувате изгубени во светот на сенките, и во светот на пропагандата која што ви се пласира.

За жал, денов го одбележа и извештајот на Европската комисија во којшто точно оваа приказна за слободата на изразување, беше поздравена, дека е направен голем напредок. Направен е голем напредок во смисла, нели, на формално исполнување на некои барања што комисијата ги имаше кон македонската влада. Меѓутоа, реалниот напредок е следен: Лани кога ја затворија А1, комисијата имаше критики. Годинава го затворија А2, значи тоа е напредок. Помал медиум е затворен, пошто нема поголем да го затворите, значи постигнат е напредок. В година, претпоставувам, ќе ги испозатворат порталите, тоа ќе биде уште поголем напредок, затоа што се понерелевантни. И, на крајот, кога нема да остане ништо за затворање, веројатно Македонија ќе го постигне најголемиот напредок, затоа што нема да има затворање, нема да има скандали. Со таква перверзна ситуација се соочуваме овие денови.

Јас сега знам дека е малце тешко, вака од локален контекст, да ги согледате тие работи до кај се движат. Меѓутоа, она што е битно, што треба да го знае секој, е дека кога ќе ви го одземат правото да зборувате, кога ќе ви ги затворат каналите да се жалите, да кажувате, кога ќе ви забранат да мислите, престанувате да постоите како човечка единка. Престанувате да постоите како политичко битие. Станувате роб.

И мислам дека колку и да ви изгледа апстрактно во моментов ова што го зборувам, дека вреди, вреди да размислите за ова што ви го кажувам. И вреди да размислите како, и на кој начин, би можеле да ни помогнете во таа борба, барем она малце слобода што е останато, да го задржиме непрегазено. Толку јас имам.“

roberto prilep

Прилепскиот партизански одред повторно успешно ја изврши задачата! 11.10.2012“, запиша Роберто на својот профил, објавувајќи фотографија од плакатот „Смрт на фашизмот, слобода на изразувањето“, залепен на „Участакот“ во Прилеп (Меморијален музеј 11 октомври 1941)