Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општо
пронајди

Соопштение

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на текстот на Законот за прекинување на бременостa, како и на начинот на кој овој закон е подготвен, предложен и усвоен. Изминатиот период следеа низа реакциии од домашни и странски организации за ограничување на репродуктивните права на жената, кои ниту придонесоа за негово повлекување, ниту ја забавија брзината на носење на Законот. За жал, Собранието на Република Македонија во скратена постапка го усвои Предлог законот.

Усвоениот закон за прекинување на бременост воведува рестриктивни механизми кои во голема мера ќе влијаат врз слободното формирање на волја кај жената дали да ја прекине бременоста или не. Министерството за здравство преку одредбите за поднесување писмено барање за прекинување на бременоста, како и задолжителното советување на бремената жена од страна на лекарот, со пропишување на формата и содржината на барањето и содржината и начинот на советување, создава можност за манипулирање и ограничување на нејзиното право на избор за прекин на бременоста. Дополнително, постои можност притисокот врз жената да продолжи во рамки на предвиденото задолжителното време на чекање од три дена по извршеното советување, односно „време за размислување и преиспитување на донесената одлука за абортус.“ При донесувањето на Законот целосно се игнорирани најновите стандарди за унапредување на репродуктивните права на жената, а уште помалку локалниот контекст во кој Законот треба да се спроведува. Особено загрижува фактот што предложениот закон не е изолиран настан и обид за уназадување на женските права во Македонија, напротив, тоа е дел од еден континум од настани, кампањи и изјави на политичари кои имаат за цел дополнително зацврстување на позицијата на жената како репродуктивна машина. Женската слобода и животните избори се ограничени на носење и раѓање деца, некритичко прифаќање на стереотипите и општествените обичаи врзани за жената, како и опресивните обврски кои се врзани со нив.

Преземете го PDF документот во прилог за целиот текст.